Откријте зошто морингата се смета за суперхрана со моќни антиоксидантни и нутритивни својства, и како додатоците во исхрана во форма на капсули од Dr.Nature можат да бидат практичен избор за секојдневна поддршка на вашето здравје.
Вовед
Moringa oleifera, позната и како „дрво на животот“, е егзотично растение со богата историја на употреба во традиционалната медицина и исхрана во тропските и суптропските региони. Во последно време предизвикува зголемен интерес кај научниците поради својата богата хранлива и фитохемиска вредност, како и потенцијалните здравствени придобивки.
Нутритивен состав на Моринга
-
- Хранливи материи: Листовите содржат значителни количини на витамини (на пр. A, C, B-комплекс), протеини, минерали како калциум, железо, магнезиум, калиум.
-
- Биоактивни соединенија: флавоноиди, фенолни соединенија, изотиоцианати, глукозинолати, алкалоиди и други.
-
- Овие соединенија се потенцијално одговорни за антиоксидантните, антиинфламаторните, антимикробните и кардиопротективните својства кои се забележани од употребата на Моринга.
Потенцијални здравствени придобивки – што велат научните студии
1) Антиоксидантни и антиинфламаторни својства
Фитохемиските компоненти ја прават морингата моќен антиоксидант, што може да го намали оксидативниот стрес и воспаленијата. Тоа може да има значење за превенција на хронични болести, но многу од истражувањата се уште се изведени in vitro или на животни.
2) Антидијабетични ефекти и регулација на шеќер во крвта
Според одредени студии (исто така и на животни) екстракти од моринга помагаат во намалување на нивоата на гликоза, подобрување на инсулинската сензитивност, што може да биде корисно во контрола на шеќерот, и потенцијално превенција на развој на дијабетес тип 2.
3) Кардиоваскуларно здравје и холестерол
Некои истражувања сугерираат дека морингата може да помогне во намалување на лошиот холестерол (LDL), зголемување на добриот (HDL), и поддршка на работата на срцето.
4) Поддршка во исхраната
Бидејќи морингата е богата со протеини и витамини, може да се употребува и како дополнителен извор на хранливи материи, што е корисно особено кај луѓе кои не внесуваат доволно нутритивни хранливи материи преку разновидна и балансирана исхрана.
Препорака за додаток во исхрана во форма на капсули од Dr.Nature
Dr.Nature капсулите содржат стандардизиран екстракт од листови на моринга во форма на капсули со висока чистота, лабораторски тестирани и со јасна дозa по капсула и токму затоа претставуваат безбеден и практичен начин да се внесат во организмот сите скапоцени соединенија кои ги содржи Морингата. Со редовна и умерена употреба, капсулите можат да бидат дел од здрав и балансиран начин на живот.
Заклучок
Моринга oleifera оправдано се нарекува „дрво на животот“. Научните истражувања укажуваат на значаен потенцијал во поддршка на имунитетот, енергијата, метаболизмот и кардиоваскуларното здравје. Додатоците во исхрана, како што се Моринга капсулите од Dr.nature, нудат практичен начин за максимално искористување на сите здравствени придобивки од Морингата – секако, со почитување на препораките за начинот на употреба, како и по потреба со консултација со стручен медицински консултант.