Станете наш ЧЛЕН и добијте повластени цени и можност за заработка

Smart Microfiber Спреј моп

Се што Ви е потребно со леснотија да ги исчистите сите подни површини во Вашиот дом или канцеларија.  

 

 

Smart Спреј мопот со систем за распрскување е се што Ви е потребно за да ги исчистите Вашите подови лесно и брзо. Наменет е за чистење на сите видови површини: паркет, ламинат, керамички плочки, гранит, мермер, линолеум и др. Има вграден резервоар во кој се става вода и по желба средство за чистење и со притискање на рачката течноста се распрснува на површината која што се чисти. Ултра микрофиберната крпа има голема апсорбирачка моќ, ги чисти и најтврдокорните нечистотии и  ја апсорбира распрсканата вода, површините се суви за миг, сјајни, чисти и без траги. Распрскувачот прска во сите правци, нагоре – надолу, ниско и високо во зависност од површината која што се чисти. Ротирачката глава се врти за 360 со што се олеснува чистењето. Алуминиумската рачка со вградениот резервоар одговара и со другите додатоци од програмата на Smart и за миг со нив лесно ќе ги исчистите и останатите површини во вашиот дом – прозори, зидови, тавани, кровови и др.

Начин на употреба: Притиснете го копчето за да го извадите резервоарот за вода, наполнете го со вода и/или средство за чистење и вратете го на неговото место. Со притискање на рачката испрскајте ја површината која што сакате да ја чистите и пребришете со мопот со микрофиберна крпа. Резултатот е бласкаво чиста површина.

Начин на одржување: По чистењето крпата од мопот се пере со топла вода и сапун или во машина на 60 C°. Крпата  издржува до 200 перења. Предупредување: да не се пегла и да не се суши микрофиберната крпа врз извори на топлина (радијатори) и да не се пере со агресивни детергенти кои што содржат избелувачи и омекнувачи. Од време на време да се исплакне резервоарот за вода со топла вода и оцет за да се спречи запушување на прскалката.

Состав: 90% полиестер, 10% полиамид.

Димензии: 45 cm

 

4,545 ден

Слични производи

Станете наш член

Пополнете ја формата подолу и ќе ве контактираме наскоро

Веќе сте наш соработник најавете се