Со ниацинамид и цинк за регулирање на себумот и изедначување на тенот.
На нежен начин темелно ја чисти кожата на лицето од вишокот себум, нечистотии и шминка.
Ја хидратира и смирува проблематичната кожа склона кон акни и црвенила.
The Doctor Тонер за лице со ниацинамид и цинк за регулирање на себумот и изедначување на тенот. Се употребува по употреба на пената за лице и има намена да ги отстрани остатоците од шминка, нечистотија и маснотии кои останале на лицето после чистење на лицето со пена за лице. По тонерот, лицето е совршено чисто и тонирано и подготвено за нега со соодветен серум и крем за нега на лице од истата колекција.
Основни придобивки од The Doctor Тонерот за лице со ниацинамид и цинк се:
Ниацинамидот и цинкот се одлична комбинација за борба против акните, намалување на црвенилата и иритациите и за заштита на кожата. Ниацинамидот, познат уште и како витамин B3, има моќно противвоспалителни дејство и помага за смирување на црвенилата и акните. Помага и за зајакнување на заштитната бариера на кожата, ја задржува влагата, ја подобрува текстурата на кожата и ги намалува кожните иритации. Ниацинамидот е ефикасен во борбата против акни, црвени траги и проширени пори и е идеално решение за комбинирана и масна кожа. Главни придобивки од ниацинамидот се:
Цинкот е природен минерал, познат по своето противвоспалителни и антисептично дејство. Цинкот помага во борбата со акните и кожните воспаленија, ги спречува инфекциите на кожата и спречува развој на нови „жаришта“. Освен тоа го регулира производството на себум, ги смалува воспаленијата и спречува појава на нови воспалителни процеси. Незаменлив е во грижата на проблематична и масна кожа со акни и воспаленија. Главни придобивки од цинкот се:
Начин на употреба: Нанесете мало количество од тонерот на памучен тупфер и нанесете го на кожата на лицето со благи масажни движења. Избегнувајте контакт со кожата околу очите. По чистењето на лицето се продолжува со следните чекори за нега на кожа на лицето. За најдобри резултати Ви препорачуваме Тонерот за лице да го употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со ниацинамид и цинк.
Пакување: 150 ml
INCI: Aqua, Niacinamide, Glycerin, Maltooligosyl Glucoside, Hydrogenated Starch Hydrolysate, Zinc Lactate, Polysorbate 20, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Parfum.
505 ден




Пополнете ја формата подолу и ќе ве контактираме наскоро