ДОСТАВУВАЊЕ НА НАРАЧКИТЕ
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку партнер за достава на ГРИН МАСТЕР ДООЕЛ Скопје на адресата која е наведена во порачката под следните услови:
За сите нарачки со износ поголем од 2500 денари доставата на артиклите е бесплатна во границите на Градот Скопје и за останатите населени места и градови во Република Македонија. За нарачки со износ помал од 2500 денари се наплаќа трошок за достава од 150 денари..
Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект.
Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.
РОК НА ИСПОРАКА
Испораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:
на територија на Скопје и околината:
1-5 работни денови
На територија надвор од Скопје
2-5 работни денови
Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници нашиот партнер за достава не испорачува пратки, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.
Доколку курирот кој ја врши испораката не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контактирани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.
Правилото за ослободување од плаќање или рефундирање во случај на задоцнување со доставата не важи доколку условите за достава се причинети од вонредни услови. Под вонредни услови за достава се подразбира:
- Екстремно лоши временски услови
- Новогодишна вечер, Божиќ и Велигден
- Состојба на елементарна непогода
- Друга официјална криза на локално или државно ниво
За проценка на условите одлучува ГРИН МАСТЕР ДООЕЛ Скопје во согласност со релевантните државни соопштенија.