Наменет за нега на чувствителен и раздразнет скалп – ревитализирачки серум со освежувачко дејство кој ја смирува кожата на главата и ја зајакнува и ревитализира косата.
Свежата формула комбинира екстракт од жен-шен за зајакнување и поттикнување на растот на косата со мароканско масло од мента за моментално освежување и смирување на скалпот.
Екстракт од жен-шен – ја стимулира микроциркулацијата на скалпот, ги зајакнува фоликулите, помага во намалување на косопадот и го поттикнува растот на посилна и поздрава коса.
Мароканско масло од мента – обезбедува моментално чувство на свежина и ладење, го смирува чешањето и иритациите, го чисти скалпот и ја регулира маснотијата.
Овозможува моментално освежување и ладење на скалпот.
Го стимулира растот на косата и ја зајакнува структурата на влакното.
Ги смирува иритациите и ја намалува чувствителноста на кожата.
Резултат: регенериран, смирен и здрав скалп и коса која изгледа посилна, пожива и со природен сјај.
Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на скалпот по секое миење со лесни масажни движења, по што со чешел рамномерно се нанесува по должината на целата коса. Има лесна структура, брзо се апсорбира и не ја замрсува и не ја лепи косата. Серумот не се плакне и се препорачува да се нанесува 2-3 пати неделно!
Пакување: 100 ml
INCI: AQUA, PANAX GINSENG ROOT EXTRACT, MENTHA PIPERITA OIL, ALLANTOIN, PANTHENOL, BETAINE, SODIUM HYALURONATE, PEG-12 DIMETHI- CONE, PEG-40 HYDROGENATED CASTOR OIL, GLYCERIN, HYDROXYETHYLCELLULOSE, CITRIC ACID, PARFUM, SODIUM ACETATE, ISOPROPYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, 1,2-HEXANEDIOL, CAPRYLYL GLYCOL, AMYL CINNAMAL, BENZYL SALICYLATE, CITRONELLOL, LINALOOL *
* Составот на производот може да претрпи промени за да биде во согласност со најновите ЕУ регулативи за безбедност на козметичките производи. Целосниот и точен состав секогаш е транспаренто напишан на оригиналното пакување!
490 ден
Пополнете ја формата подолу и ќе ве контактираме наскоро