Станете наш ЧЛЕН и добијте повластени цени и можност за заработка

Green Pharmacy Серум против првут со бреза и рицинусово масло – 100 ml

Наменет за нега на скалп подлежен на првут — природно решение за ублажување на првутот, смирување на раздразнетоста на скалпот и зајакнување на здравјето на кожата на главата.

Серумот за коса со бреза и рицинусово масло е ефикасно средство во борбата против првут. Екстрактот од бреза има антисептички и противвоспалителни својства кои помагаат да се исчисти и смири скалпот, намалувајќи го чешањето и иритацијата на кожата на главата. Рицинусовото масло обезбедува длабинска хидратација, го потхранува темето и има антифунгално дејство, што помага во отстранување на првутот и спречува негово повторно појавување. Редовната употреба на серумот ја зајакнува косата, го подобрува здравјето на скалпот и ја прави косата здрава, силна и сјајна.

Синергиска формула на Серумот против првут со бреза и рицинусово масло содржи:

  • Екстракт од бреза – изобилува со природни салицилати и танини, нежно го ексфолира скалпот, отстранува наслаги од темето и го регулира излачувањето на себум.

  • Рицинусово масло – со антибактериски и хидратантни својства, го храни скалпот, ја зајакнува косата и помага во превенција од прекумерно сушење на кожата и појавата на првут.

Како делува Серумот против првут со бреза и рицинусово масло:

  • Ги елиминира наслагите и првутот преку нежно ексфолирање.

  • Ја регенерира и хидратира кожата на скалпот.

  • Ги смирува воспаленијата и ја намалува иритацијата.

  • Ја враќа рамнотежата и ја закрепнува природната заштитна бариера на скалпот.

Резултат: чист, освежен и регенериран скалп и коса без бели „снегулки“.

Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на скалпот по секое миење со лесни масажни движења, по што со чешел рамномерно се нанесува по должината на целата коса. Има лесна структура, брзо се апсорбира и не ја замрсува и не ја лепи косата. Серумот не се плакне и се препорачува да се нанесува 2-3 пати неделно!

Пакување: 100 ml

INCI: AQUA, BETULA ALBA BUD EXTRACT, RICINUS COMMUNIS SEED OIL, SERENOA SERRULATA FRUIT EXTRACT, INULIN, BETAINE, PIROCTONE OLAMINE, PEG-12 DIMETHICONE, PEG-40 HYDROGENATED CASTOR OIL, GLYCERIN, HYDROXYETHYLCELLULOSE, CITRIC ACID, PARFUM, SODIUM ACETATE, ISOPROPYL ALCOHOL, POTASSIUM SORBATE, SODIUM BENZOATE, CITRAL, CITRUS AURANTIUM PEEL OIL, HEXAMETHYLINDANOPYRAN, HEXYL CINNAMAL, LIMONENE, LINALOOL  *

* Составот на производот може да претрпи промени за да биде во согласност со најновите ЕУ регулативи за безбедност на козметичките производи. Целосниот и точен состав секогаш е транспаренто напишан на оригиналното пакување!

490 ден

Слични производи

Станете наш член

Пополнете ја формата подолу и ќе ве контактираме наскоро

Веќе сте наш соработник најавете се