Програмата е создадена и препорачана од Атанас Радев – основач на Green Master Group LTD кој успеа да ослаби дури 40 kg и тоа за само 9 месеци и веќе подолго време ја одржува линијата и се чувствува неверојатно!

Благодарение на неговото долгогодишно истражување, можеме да Ви претставиме целосна програма, со која што сме 100% убедени дека ќе постигнете одлични резултати на патот кон Вашите поставени цели. Всушност со следење на препораките Вие:

  • Ќе ја добиете посакуваната фигура и на здрав начин ќе го намалите вишокот на килограми и 2-3 броја од Вашата облека.
  • Ќе го намалите обемот на стомакот, половината, колковите и бедрата.
  • Ќе го намалите вишокот маснотии и течности во организмот.
  • Ќе ги избегнете последиците од драстичните диети и прегладнувањето кое што е поврзано со нив.
  • Ќе го избегнете исклучително непријатниот јо-јо ефект кој што се случува после секоја диета.
  • Ќе добиете повеќе енергија и самодоверба од постигнатите резултати.
  • Ќе го зголемите Вашиот имунитет и ќе му помогнете на телото во борбата против тивките воспаленија кои што се основна причина за зголемување на телесната тежина.
  • Ќе го избалансирате нивото на шеќер во крвта и ќе ви се намалат грчевите предизвикани од глад.
  • Ќе го намалите стресот кој што е основен фактор кој доведува до зголемување на телесната тежина.
  • Ќе го подобрите метаболизмот и хормоналниот статус.
  • И уште многу други здравствени придобивки кои што ќе ги остетите уште во првите денови од програмата.

ВАЖНИ ЧЕКОРИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ОФОРМУВАЊЕ НА СТОМАКОТ, ПОЛОВИНАТА, КОЛКОВИТЕ И БЕДРАТА:

Програмата се состои од неколку важни чекори кон кои треба да се придржувате и да тежнеете тие да станат дел од вашиот живот. Тоа не е диета, туку начин на живот кон кој треба да се стремите за секогаш да бидете во добра форма.

ЧЕКОР 1

Употреба на производите од програмата на Dr.Nature NOFATIN

Производите од програмата Nofatin се дел од програмата за постигнување на здрава телесна тежина и идеална фигура. Тие се специјално создадени да му потпомогнат на организмот во борбата со вишокот на килограми. Тоа е еден брз, достапен и лесен начин за постигнување на посакуваната фигура и за здрав начин на живот за кој можеби отсекогаш сте сонувале.

– Dr.Nature NOFATIN е револуционерен производ за постигнување на здрава телесна тежина и идеална фигура на здрав начин, кој што се разликува од сите досега познати произоди за слабеење кои што се стремат само да го забрзаат топењето на масни наслаги и намалување на апетитот. Dr.Nature NOFATIN има 7D ефект на дејствување во 7 различни насоки, бидејќи се базира на последните научни откритија, кои што го поврзуваат таложењето на масни наслаги во телото ( особено во областа на половината, колковит и бедрата) со:

  • присуство на тивко внатрешно воспаление
  • таложење на отрови во црниот дроб
  • запушување на цревата и нарушена функција на дигестивниот систем
  • хормонален дисбаланс и инсулинска резистентност
  • стрес
  • намален имунитет
  • неизбалансирана исхрана во однос на јагленохидрати- протеини- масти.

Dr.Nature NOFATIN брзо и ефикасно се справува со погореспомнатите проблеми и на телото му дозволува безбедно и трајно да се ослободи од вишокот маснотии и истовремено естетски да ги оформи најпроблематичните области. Има докажан брз ефект, кој што ќе го забележите уште во првите 30 дена.

Како да го употребуваме Dr.Nature NOFATIN?

За време на периодот на намалување на телесната тежина пијте по 2 таблети 2 пати на ден (наутро и навечер), 20-30 минути пред јадење* со минимум 200 ml вода. За задржување и одржување на постигнатите резултати пијте по 1 таблета 2 пати на ден (наутро и навечер), 20-30 минути пред јадење* со минимум 200 ml вода.* доколку имате чувствителен желудник пијте го после јадење

– Dr. Nature Нофатин Метаболик30 капсули

Најновиот супер ефикасен производ за слабеење при метаболички синдром и обезност!

Иновативна формула која е прв избор за слабеење и помага за постигнување на целосен метаболички баланс во организмот. Dr.Nature Нофатин Метаболик е наменет за луѓе кои страдаат од метаболички синдром и имаат прекумерна телесна тежина, масни наслаги, покачени нивоа на холестерол, висок крвен притисок, инсулинска резистентност и хормонален дисбаланс. Формулата е базирана на две клинички докажани патентирани состојки Metabolaid® и CSAT® – носители на престижни меѓународни награди во областа на производи за слабеење! Metabolaid® е патентирана, клинички тестирана, растителна состојка базирана на хибискус и лимонска вербена. Биолошки активните компоненти имаат синергиско дејство во контролата на телесната тежина и работата на кардио-васкуларниот систем. Луѓето кои страдаат од обезност и дијабетес неретко развиваат воспаленија, што пак доведува до дополнително зголемување на телесната тежина и други компликации како срцеви заболувања и мозочен удар. Metabolaid® делува во масните ткива, мускулите и црниот дроб преку активирање на ензимот АМРК што доведува до контролирањето на глукозата во крвта, намалена синтеза на липидите и намалување на нетипичната акумулација на масни наслаги и намалување на воспаленијата кое е особено важно при третирање на метаболички и инфламаторни заболувања. CSAT+® e патентиран екстракт од семиња на рогач, стандардизиран до галактоманан, олигофруктоза и полифеноли. Галактомананите се полисахариди со голема молекуларна тежина, кои што поседуваат заситувачки ефект. Олигофруктозата се мали фибри со ниска калориска вредност кои што можат селективно да служат како храна на различни видови цревни бактерии. CSAT+® ја потпомага нормалната работа на имунолошкиот систем и ги подржува нормалните вредности на гликоза во крвта. CSAT+ има синергиско дејство врз метаболизмот. Тоа потпомага за борба со тегобите поврзани со метаболичкиот синдром во неколку насоки и тоа: контрола на апетитот, контрола на глукозата во крвта и крвниот притисок и има благопријатно дејство на цревната микрофлора. Дополнително останатите биолошко активни материи кои влегуваат во составот на производот синергиски делуваат и допринесуваат во борбата со метаболичкиот синдром и контролата на телесната тежина.

Nofatin балансиран шејк – 1000 g

Балансирана формула 40-30-30 со 3 неодоливи вкуса – ванила, чоколадо и јагода!

Високопротеински пробиотски балансиран шејк!

Nofatin балансираниот шејк е револуционерна формула со оптимален сооднос на јаглехидрати, протеини и масти (40-30-30) со извонреден вкус. Високо протеинскиот пробиотски балансиран шејк има уникатна комбинација од патентирани состојки за намалување на телесната тежина, витамини, минерали и важни антиоксиданси. Nofatin балансираниот шејк е идеален производ за одржување на здрава телесна тежина и топење на вишокот маснотии и овозможува во забрзаното темпо на живот замена за целосно здрав оброк со кој ги внесувате сите важни нутриенси. Создаден е врз правилата на зонската медитеранска диета според која основното правило е секој оброк да е избалансиран во сооднос 40-30-30 што претставува безбеден и здрав начин за намалување на телесната тежина и согорување на вишокот маснотии. За разлика од сите други диети со Зонската медитеранска исхрана нема гладување и лишување од одредени храни, а балансот од 40% јаглехидрати, 30% протеини и 30% маснотии во секој оброк води кон постигнување на совршена хормонална рамнотежа, здраво намалување на телесната тежина без губење на енергијата и тонусот.

ЧЕКОР 2

Балансиран начин на исхрана и препорачано мени

За да постигнете воодушевувачки резултати од кои и самите вие ќе бидете изненадени, ние ви препорачуваме да се придржувате кон балансиран начин на исхрана, кој што е достапен за сите и не вклучува глад, лишување од храна и постење.

Начинот на исхрана е специјално направен за сите кои што ги употребуваат производите од Dr.Nature NOFATIN и ќе го најдете на крајот од оваа програма. Со помош на производите од програмата на Dr.Nature NOFATIN и балансиран начин на исхрана, уште во првите 1-2 недели ќе забележите одлични резултати. Покрај тоа ќе Ви се подобри: квалитетот на сонот, ќе имате енергија во текот на целиот ден и ќе имате самодоверба благодарение на постигнатите резултати, затоа што ќе почнете да намалувате килограми (за време на првиот месец меѓу 2 и 5 kg во зависност од телесните масти – кај луѓе со поголем процент на телесни масти се очекува да се намалат повеќе килограми).

ЧЕКОР 3

Правила корисни за здравјето, кои што е добро да ги следите во текот на денот:

  • трудете се да јадете по 4-5 пати на ден придржувајќи се максимално на балансираниот начин на исхрана (видете на крајот на програмата).
  • трудете се да пиете не повеќе од 2-3 кафиња дневно, засладени единствено со стевија или друг засладувач без калории.
  • трудете се 20-30 минути пред и после јадење да не пиете вода.
  • трудете се да пиете минимум 1,5 литри вода дневно. Вода и чај без шеќер, мед и други засладувачи можете да пиете преку целиот ден.
  • трудете се да избегнувате газирани и други безалкохолни слатки напитоци ( сокови и фрешови).
  • трудете се да бидете физички активни барем 60 мин. дневно (одење, трчање, возење велосипед, фитнес или друга физичка активност).
  • трудете се да избегнувате алкохол. Но ако навистина имате желба да се напиете, препорачливо е да се напиете максимум 1-2 чаши вино или пиво за време на вечера, но не заборавајте да го намалите внесот на јаглехидрати за половина доколку за време на тој оброк внесувате алкохол.
  • доколку случајно пропуштите некој оброк од препорачаното мени или поради некаква причина морате да јадете надвор од рамките на посочениот режим во текот на тие 30 дена (роденден, забава или друг повод) не грижете се, тоа нема да биде фатално за метаболизмот, кога е еднократно. Уште при следниот оброк вратете се повторно кон препорачаното мени, кое заедно со производот Dr.Nature NOFATIN ќе ве одведе кон добро здравје и прекрасен надворешен изглед.

ПОЈАСНУВАЊЕ: Кога сте излезени и неможете сами да си подготвите јадење, трудете се од принесената храна да ги изедете само протеините и салатата избегнувајќи секаков вид тестенини, колачи, компири , ориз, десерти и прекумерна употреба на алкохол.

  • секогаш кога сте во движење или просто немате можност да се храните според менито, можете оброкот да го замените со готовите решенија – балансирани барови, бисквити, крекери, шејкови.

Чекорите 4 и 5 не се задолжителни но ги препорачуваме и сите кои имаат можност и желба треба да ги вклучат во исхраната!!!

ЧЕКОР 4

Се препорачува да внесувате Dr.Nature УЛТРА ОМЕГА 3

Dr.Nature Омега 3 ќе придонесе за уште подобри резултати во ослободувањето од воспалителните процеси во организмот. Исто така, употребата на големи дози рибино масло богато со EPA (еикозапентонска масна киселина) има исклучително влијание врз ситоста, бидејќи го намалува апетитот. Ете зошто, како дополнение, освен Dr.Nature NOFATIN препорачуваме да употребувате и Dr.Nature УЛТРА ОМЕГА 3 во наведените дози. Ослободувајќи се од внатрешните воспаленија на телото, многу полесно и побрзо ќе настапи намалувањето на телесната тежина и ќе решите уште голем број здравствени проблеми.

Ние препорачуваме Dr.Nature УЛТРА ОМЕГА 3 – концентрирана и ултрапречистена формула, 90 капсули X 1000 mg (содржи DHA 25% и EPA 35%).

Начин на употреба: по 3 капсули дневно со малку вода за време на вечера.

ЧЕКОР 5

Се препорачува да внесувате Полифеноли

Полифенолите ги активираат процесите на оздравување и регенерација на засегнатите клетки. Освен за редуцирање на телесната тежина и подобро здравје, тоа доведува и до неверојатен anti-age ефект.

Ние препорачуваме Dr.Nature ПОЛИФЕНОЛ ЗОН – 60 капсули (микс од 22 супер овошја и зеленчуци).

Начин на употреба: по 2 капсули наутро заедно со Dr.Nature NOFATIN.

ЧЕКОР 6

Уште неколку важни совети кои ќе ви бидат од полза

  • определете си ги целите – колку килограми сакате да намалите. Тука од голема помош ќе Ви се најде популарната формула за препорачана тежина која што за мажи е: височина во сантиметри минус 100, а за жени: височина во сантиметри минус 110. Кога ќе видите колку килограми ве делат од идеалната тежина , направете си план на делување имајќи предвид дека нормалното здраво слабеење е меѓу 2 и 5 kg месечно. Од голема помош е да имате вага и да се мерите секој ден.
  • Убаво е пред да почнете со програмата да измерите обем на половина, колкови и бедра со помош на метро за шиење, да ги запишете податоците и потоа да се мерите на секои 7 дена. Здрав обем на половината кај мажи е 94 см., а кај жени 82 см. Се што е над овие вредности носи ризик од здравствени проблеми и затоа е добро да ги конролирате и да не дозволите преминување на оваа граница!
  • пожелно е да си набавите кујнска вага за да можете оптимално да се придржувате до програмот на исхрана ( а и една кујнска вага секогаш е добредојдена во секое домаќинство).

* вага за мерење на телесна тежина и % на маснотии како и кујнска вага можете да најдете на нашиот сајт www.greenmaster.mk

Да го сумираме најважното:

  1. Употребувајте ги производите од програмата на Dr.Nature NOFATIN
  2. Запазете го балансираниот начин на исхрана коj што ќе го најдете на крајот од оваа брошура.
  3. За уште подобри и побрзи резултати придржувајте се до дополнителните препораки (активно движење 60 мин. дневно, внес на Dr.Nature Омега 3, Dr.Nature Полифеноли и најмалку 1,5 l вода).

Најчесто поставувани прашања:

Зошто производите од програмата на Dr.Nature NOFATIN се поразличен од другите производи за слабеење?

Производите од програмата на Dr.Nature NOFATIN се создаден од друга перспектива и наместо да се фокусираме на последиците, ние при неговото создавање се фокусиравме на причините кои ја предизвикуваат прекумерната телесна тежина. Ефикасно делува врз причините за таложењето на масните наслаги, а во исто време има и други здравствени придобивки. Производот помага во одржување на балансот на сите процеси во организмот и влијае врз основните причини за прекумерната тежина и дебелеењето што е единствен начин за сигурен ефект на долгорочен план.

Што претставува тивкото воспаление и зошто е основна причина за дебелеење?

Тивкото воспаление нема физички симптоми. Тоа спаѓа под прагот на болката и не е процес кој што се случува за еден ден. Еден од првите сигнали дека тивкото воспаление се зголемува е појавата на вишок телесни масти. Тоа значи дека телото ни е надвор од баланс и главните места во кој има тивко воспаление се оние во кои има најмногу наталожени телесни масти. Тивкото внатрешно воспаление е основен фактор за генерирање на вишок телесни масти. Тивкото внатрешно воспаление е основен фактор за генерирање на вишок телесни масти и додека не се намалат неговите нивоа особено во масните клетки сите други методи за намалување на вишокот килограми нема да функционираат на долгорочен план. Тивкото воспаление може да се појави на пример од: внес на храна која што не му одговара на телото, алергии, антибиотици и др.

Зошто неутрализирањето на тивкото воспаление во телото е важно за слабеењето?

Неутрализирањето на тивкото воспаление е клучот кој му помага на телото да влезе во баланс, да се исчисти и да се фокусира на неговите основни функции како што е детоксификација и зголемување на имунитетот. Преминот кон балансиран противвоспалителен начин на исхрана во комбинација со производите од програмата на Dr.Nature NOFATIN ќе придонесе за намалување на ваквата состојба, ќе помогне во правилното функционирање на организмот и ќе го забрза метаболизмот и намалувањето на вишокот масти.

Зошто детоксификацијата е важна за слабеењето?

Црниот дроб е одговорен за метаболизмот и за неутрализирање на отровите. Ако црниот дроб не ги извршува правилно своите функции, тој станува масен и мрзелив. Како последица на тоа телото почнува да задржува повеќе маснотии и отрови. Употребата на производите од програмата на Dr.Nature NOFATIN ќе ја потпомогне функцијата на црниот дроб за да почне да ги преработува маснотиите и ефикасно да ги неутрализира отровите.

Зошто прочистувањето на дебелото црево е важно за слабеењето?

Преку храната, освен хранливи материи, внесуваме и голем број отрови и други потенцијално штетни агенси. Цревната микрофлора се бактериите кои што живеат во цревата. Корисните бактерии се одговорни за варењето и се во однос со количеството масти кои што се таложат во телото. Кога таа микрофлора е здрава гастроинтестиналниот тракт обезбедува физичка бариера која што го блокира навлегувањето на отрови во телото. Цревната микрофлора е еден балансиран механизам меѓу добрите и лошите бактерии. Колку ефикасно се обработува храната зависи од тоа дали има доволно добри бактерии. Кога постои дисбаланс и има повеќе лоши бактерии тие се хранат од храната што се внесува и испуштаат отрови во цревата. Телото реагира на тоа преку таложење на повеќе маснотии кои што го заштитуваат од отровите. Затоа е важно да се одржува добар баланс меѓу добрите и лошите бактерии и да се обезбеди нормална работа на дигестивниот тракт со што се намалува таложењето на маснотии.

Како одржувањето на здрав имунолошки систем се одразува на слабеењето?

Јакиот имунолошки систем е неопходен бидејќи тој го заштитува телото од штетните влијанија на надворешната средина. 70% од имунитетот на организмот е контролиран од дигестивниот систем. Тоа наложува неопходност од обезбедување на нормална и балансирана работа на цревата како поддршка на целиот имунолошки систем. Потпомагањето на имунолошкиот систем може да го натера организмот да работи поефикасно за време на воспалителни процеси и да го намали таложењето на вишок маснотии.

Како стресот може да биде причина за таложење на вишок маснотии?

Секој вид на стрес може да доведе до различни промени на клеточно ниво. Одговорот на телото на стресот може буквално да го уништи имунолошкиот систем. Стресот може да доведе до зглемување на килограмите што се покажува и во неколку научни трудови. Исто така докажано е и дека стресот може да го намали создавањето на висцерални масти независно од тежината.

Дали неизбалансираниот начин на исхрана може да биде причина за дебелење?

Според голем број научни истражувања во последните години неизбалансираниот начин на исхрана ( неправилниот однос меѓу внесените јаглехидрати, протеини и масти, нередовното јадење или внес на прекумерна храна) доведува до процес на тивко внатрешно воспаление и како последица на тоа таложење на вишок маснотии и зголемена телесна тежина. Повеќето диети не се успешни затоа што препорачуваат внес на повеќе јаглехидрати, на повеќе протеини и масти или гладување (постење). Тоа на долгорочен план секогаш доведува до неуспех. Во светот како најуспешни и со големи резултати се наложија балансираните начини на исхрана кој се блиски до средоземноморската диета. Како најефикасен од нив се покажа режимот кој што препорачува при секој оброк да се запазува односот на внес на калории од јаглехидрати, протеини и масти во сооднос 40-30-30. Тој режим се покажа и со најдобро противвоспалително дејство, и доведува до хормонален баланс и намалување на вишокот маснотии. Во исто време организмот е во апсолутен баланс и работи под полна пареа. Имено таков балансиран начин на исхрана е претставен и во оваа програма.

Може ли да се ослабне само со балансиран начин на исхрана или само со внес на производот NOFATIN?

Праксата покажува, дека можете да добиете добри резултати само со внесување на производите од програмата на Dr.Nature NOFATIN или само преку запазување на балансиран начин на исхрана. Истовремено придржување и кон другите препораки од оваа програма ќе доведе до 2 пати побрзи, подобри и подолготрајни резултати.

Колку долго може да се пијат производите од програмата на Dr.Nature NOFATIN?

Производите од програмата на Dr.Nature NOFATIN може да се употребува подолг временски период бидејќи не се забележани негативни ефекти од производите. Dr.Nature NOFATIN шејковите се препорачуваат за секојдневна конзумација, како замена за здрав и вкусен оброк, а наизменично на 2 месеци да се пијат Dr.Nature NOFATIN 7D и Dr.Nature NOFATIN метаболик и да се придржувате до предложеното мени за исхрана додека не ги постигнете посакуваните резултати.

ПРИМЕР ЗА МЕНИ
кон програмата за дефинирање на стомакот, половината, колковите и бедрата

Избалансираното препорачано мени се состои од 4-5 јадења – појадок, ручек, ужина, вечера и доцна ужина (доцната ужина не е задолжителна и се јаде само кога е нопходно).

ПОЈАДОК

За да го зајакнете метаболизмот не ја пропуштајте комбинацијата од Dr.Nature NOFATIN 20-30 мин. пред појадокот (појадокот е од исклучително значење за постигнување на посакуваните резултати). Ако не појадувате тешко ќе постигнете добар ефект кон кој се стрмите. Појадувајте придржувајќи се до некоја од следниве варијанти:

ВАРИЈАНТА 1
1 кришка леб од цело зрно, 2 јајца (во било каква форма само не пржени), околу 35 g сирење/кашкавал, 2 домати (околу 300 g или може да се заменат со 2 печени црвени пиперки), 5-6 маслинки.

ВАРИЈАНТА 2
1 кришка леб од цело зрно, 80 g шунка или филе (свинско, мисиркино но да биде со низок процент на масти – до 3-4%), 35 g сирење/кашкавал, 2 домати (околу 300 g), по желба може и 1/3 краставица, 4-5 маслинки.

ВАРИЈАНТА 3
2 парчиња двопек од цело зрно (ако не сакате двопек повторно можете да земете 1 кришка леб од цело зрно), 60 g пушен лосос, 50 g сирење/кашкавал, 1 домат (околу 150 g), круша или јаболко (околу 150 g).

ВАРИЈАНТА 4
200 g кисело млеко – 2% масленост, 120 g природна павлака или урда, 1 супена лажица овесни трици (оставени да отстојат 10-15 мин. во млекото пред употреба), 1 кафено лажиче мед или агаве, 4-5 сурови јатки (бадем, лешник).

ВАРИЈАНТА 5
2 парчиња двопек од цело зрно, белки од 2 сварени јајца, 70 g моцарела, 3 маслинки, киви, круша или јаболко (околу 150 g)

ВАРИЈАНТА 6
1 канче кисело млеко – 2% масленост

ВАРИЈАНТА 7
80 g сварен или покиснат наут (може и од конзерва на кој можете да му додадете по желба копар, магдонос или било кој друг зелен зачин), 80 g сирење, 40 g нискомаслена шунка, 1 киви или половина јаболко

РУЧЕК/ВЕЧЕРА

  • За ручек – 20-30 мин. пред ручек напијте се 200 ml вода и одберете некоја од следните варијанти за ручек
  • За вечера – 20-30 мин. пред вечера напијте се Dr.Nature NOFATIN (и рибино масло ако употребувате) со мин. 200 ml вода и одберете некоја од следните варијанти за вечера

ВАРИЈАНТА 1
Печено месо или риба (секаквo месо само не пржено или поховано) около 120 g ( не е дозволено масно месо и колбаси), 1 мала кришка леб од цело зрно, мешана салата од секаков тип на зеленчук (околу 350 g). Доколку одберете зелена салата можете во неа да додадете многу краставички, ротквици и млад кромид и најмногу 1 кафена лажичка зејтин. Ако во салатата има авокадо или маслинки тогаш не се додава зејтин. Оцет и лимон може да се употребува неограничено.

ВАРИЈАНТА 2
2 јајца во секаква форма ( омлет, кајгана, на око, варени) + околу 35 гр. сирење или кашкавал. Освен сол можат да се употребуваат и други зачини, БЕЗ мајонез и кечап. Сенф, бибер и други суви зачини МОЖЕ! Количината за леб и салата е како во Варијанта 1 (секој ден можете да правите различни салати од различни зеленчуци)!
Компирите не се вбројуваат во зеленчук. Некогаш кога сакате да јадете компири треба да се откажете од сите други јаглехидрати и додадете околу 150 g компири (тоа се околу 2 мали компири). На пр. кон едно парче месо околу 120 g можете да додадете и околу 150 g компири , но не пржени и тоа треба да ви биде целото мени за еден оброк.

ВАРИЈАНТА 3
Голема Цезар салата (околу половина главица Ајсберг), со околу 110 g туна во сопствен сос (рибата од конзерва да е 110 g во исцедена состојба), 1 кришка леб од цело зрно, 1 кафена лажичка зејтин, 1 киви или 3 кајсии или половина јаболко – средна големина.
Ако решите да се откажете од овошјето за десерт можете да ја зголемите количината на леб со уште една мала кришка ако чувствувате дека сте уште гладни. И обратно, ако решите да се откажете од лебот можете да ја зголемите количината на овошјето.

ВАРИЈАНТА 4
80 g шунка, 35 g сирење или кашкавал, количината на леб и салата е како во Варијанта 1

ВАРИЈАНТА 5
Пример за сендвич – 2 мали кришки леб од цело зрно, 80 g шунка, 30 g кашкавал, 1 мал домат или краставица по желба, 1 мало пиво или пивото заменете го со овошје.

ВАРИЈАНТА 6
Кога немате можност да ручате или вечерате нормално, или не сте гладни, изедете 1 кисело млеко – 2% масленост.
Не е пожелно да си дозволите да не јадете ништо повеќе од 4-5 часа! Поради таа причина е разработена оваа брза Варијанта 6 за јадење.

ВАРИЈАНТА 7
120 g печено месо или риба, гарнир од половина мала конзерва грашак (околу 100 g грашак) и грашакот можете да го зачините со зелени зачини како млад кромид, спанаќ, магдонос, копар, со гарнирот – 1 домат или 1 печена или сирова пипрека, 2 парчиња двопек од цело зрно (или 1 кришка леб од цело зрно). За вкус употребете или 1 чаена лажичка зејтин или 9 маслинки ( едно од двете или зејтин или маслинки никако двете).

ВАРИЈАНТА 8
3 јајца во било каква форма, количината на леб и салати е како во Варијанта 1.

ВАРИЈАНТА 9
120 g сварен или покиснат наут (може и од конзерва), 1 врзоп ситно сецкан магдонос, околу 120 g туна во сопствен сос (рибата од конзерва да е 120 g во исцедена состојба), 1 чаено лажичка зејтин, по желба можете и да истискате и лимон и да додадете половина краставица.
ПОЈАСНУВАЊЕ: Кон предложените варијанти за ручек или вечера можете да додадете по желба 2-3 лути пиперки, 1 страк млад кромид/лук или 2-3 чешниња лук, можете салатите да ги зачинувате со секакви зелени зачини (магдонос, копар), да ги зачинувате со лимон/ оцет/ балсамико, да ги зачините со 1 кафена лажичка сенф.

УЖИНА ПОСЛЕ РУЧЕК/ ДОЦНА УЖИНА

Околу 3-4 часа после ручек важно е да имате една лесна ужина. 20-30 мин. пред ужината испијте минимум 200 ml вода.

3 часа после вечера, пред да си легнете, но само доколку чувствувате силен глад, може да направите и доцна ужина. За ужина после ручек како и за доцна ужина одберете некоја од следниве варијанти:

ВАРИЈАНТА 1
Половина канче кисело млеко – 2% масленост

ВАРИЈАНТА 2
Околу 100 g овошје со 30 g кашкавал или 40 g сирење

ВАРИЈАНТА 3
150 g јагоди со 40 g сино сирење

ВАРИЈАНТА 4
100 g кисело млеко – 2% масленост и 150 g јагоди или боровинки

ВАРИЈАНТА 5
Капучино од 200-220 ml со свежо млеко до 2% масленост, но без шеќер. Дозволен е засладувач со 0 калории на пр. стевија. Капучиното можете да го замените со фрапе, но без шеќер!

ВАРИЈАНТА 6
2 парчиња двопек од цело зрно со 40 g моцарела или сирење

ЗАБЕЛЕШКИ

  • Ако имате нетолеранција на глутен, избегнувајте го лебот или заменете го со безглутенски или со 2 парчиња оризови колачиња (ги има во различни варијанти).
  • Ако имате нетолеранција на лактоза заменете го сирењето, кашкавалот или млекото со млечни производи без лактоза или со тофу или само избегнувајте ги тие варијант од менито кои што содржат лактоза.
  • Избегнувајте да конзумирате пченка ( пченката е еден од најголемите непријатели на брзиот метаболизам).
  • Избегнувајте да конзумирате ориз, но ако сепак решите да го вклучите во исхраната, во чинијата додадете само околи половина чаша за кафе сварен ориз и задолжително не го јадете лебот.
  • Доколку мерењето на храната ви изгледа многу сложено користете го таканаречениот Метод од око, со чија што помош ќе можете да процените од која храна колку точно да изедете без употреба на кујнска вага. Методот од око е многу корисен и при често јадење надвор.
  • Препорачаното мени во оваа програма не се препорачува за луѓе со веќе наложен начин на исхрана од доктор, за лица со низок крвен притисок, со хипогликемија, бремени жени и лица под 10-годишна возраст. Луѓето што страдаат од дијабет или срцеви проблеми и оние кои редовно земаат лекови за притисок да се консултираат со својот доктор.

СО ПОМОШ НА производите од програмата на Dr.Nature NOFATIN

  1. Ќе добиете идеална и здрава тежина
  2. ќе го намалите обемот на стомакот, половината колковите и бедрата
  3. Ќе го намалите вишокот на маснотии и течности во телото
  4. Ќе го избалансирате шеќерот во крвта
  5. Ќе го подобрите метаболизмот и хормонскиот статус
  6. Ќе го намалите нивото на стрес
  7. Ќе имате енергија и голема самодоверба