Променлив филтер Unimax

Резервен филтер за бокали Dafi Astra за чиста и здрава вода!

SKU: 23003 Категории , Ознака:

Променлив филтер Unimax за бокал Dafi Astra eфикасно ја филтрира водата и ја прочистува од:

- хлор и хлорни соединенија

- тешки и радиоактивни материјали

- нефтопродукти

- непријатен мирис

- пестициди и токсини

- бигор и висока тврдост на водата

- песок, рѓа, глина и механички нечистотии

Unimax е уникатен филтрирачки елемент со сложен систем за филтрирање на вода кој се состои од неколку етапи:
• Претходна механичка филтрација;
• Полиамидна мрежа – за чистење од фини честици, бигор, масла;
• Регуларно чистење: специјално одбрани високоактивни компненти врз основа на јоноизменувачки смоли и активен јаглен, обработен со сребрени јони, ефикасно ги отстрануваат хемиските нечистотии. Активниот јаглен има природно потекло и се добива со контролирано
горење на специјално дрво. Благодарение на силно развиената внатрешна површина, активниот јаглен ефикасно задржува голема количина на
штетни материи и нечистотии од водата- хлор, тешки метали, органски соединенија, поливинилхлорид и многу други. Активниот јаглен е
обработен со бактерицидно сребро коешто не дозволува развивање на патогени микроорганизми во веќе обработената вода. Јоноизменувачката смола ја редуцира тврдоста на водата и јоните на тешките и радиоактивни метали (олово, кадмиум, никел, жива и др.). Го спречува создавањето на бигор, ја намалува нејзината тврдост и ја прави водата питка.
• Финална филтрација – повторно механичко прочистување коешто ги задржува фините честици од филтрирачките компонентии и гарантира чиста, свежа и вкусна вода.

Капацитет на променливиот филтер: за филтрирање до 200 l вода. Компатибилен е и со други марки на бокали.

Начин на употреба: Извадете го стариот филтер и ставете го новиот променлив филтер. Задолжително истурете ги првите две води прочистена вода. Во првите филтрирани литри вода можно е да се појави количество на јагленов прав.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Променлив филтер Unimax”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.