Променлив филтер Unimax AcquaMag Mg2+

Наједноставното решение за чиста и здрава вода збогатена со магнезиум!

SKU: 23004 Категории , Ознаки: ,

Магнезиумот е од големо значење за животот, како што е и водата. Тој ја подобрува концентрацијата и меморијата, штити од аритмија и висок крвен притисок, ја опушта мускулатурата, го намалува стресот и го забавува процесот на стареење.
Ете зошто, DAFI ја соедини силата на магнезиумот со чистата и вкусна вода, и создаде нова генерација на филтри AcquaMag Mg2+ , кои што не само што ја прочистуваат водата туку и дополнително ја збогатуваат со скапоцен магнезиум. Благодарение на тоа, нивото на магнезиум се обновува со секоја голтка прочистена вода.
Тоа е особено важно при проблеми со:
- Коските и зглобовите;
- Забите;
- Мускулите и
рскавиците;
- Кардиоваскуларниот и
нервниот систем;
- Памтењето и стресот.

Променливиот филтер Unimax AcquaMag Mg2+ за бокал за прочистување вода Dafi Astra eфикасно ја филтрира водата, oслободува магнезиумови јони во водата и ја прочистува од:

- хлор и хлорни соединенија

- тешки и радиоактивни материјали

- нефтопродукти

- непријатен мирис

- пестициди и токсини

- бигор и висока тврдост на водата

- песок, рѓа, глина и механички нечистотии

Unimax AcquaMag Mg2+ е уникатен филтрирачки елемент со сложен систем за филтрирање на вода кој се состои од неколку етапи:
• Претходна механичка филтрација;
• Полиамидна мрежа – за чистење од фини честици, бигор, масла;
• Регуларно чистење: специјално одбрани високоактивни компненти врз основа на јоноизменувачки смоли и активен јаглен, обработен со сребрени јони, ефикасно ги отстрануваат хемиските нечистотии. Активниот јаглен има природно потекло и се добива со контролирано
горење на специјално дрво. Благодарение на силно развиената внатрешна површина, активниот јаглен ефикасно задржува голема количина на
штетни материи и нечистотии од водата- хлор, тешки метали, органски соединенија, поливинилхлорид и многу други. Активниот јаглен е
обработен со бактерицидно сребро коешто не дозволува развивање на патогени микроорганизми во веќе обработената вода. Јоноизменувачката смола ја редуцира тврдоста на водата и јоните на тешките и радиоактивни метали (олово, кадмиум, никел, жива и др.). Го спречува создавањето на бигор, ја намалува нејзината тврдост и ја прави водата питка.
• Финална филтрација – повторно механичко прочистување коешто ги задржува фините честици од филтрирачките компонентии и гарантира чиста, свежа и вкусна вода.

Капацитет на променливиот филтер: за филтрирање до 200 l вода.

Начин на употреба: Променете го стариот филтер и ставете го новиот филтер. Задолжително истурете ги првите две води прочистена вода. Во првите филтрирани литри вода можно е да се појави количество на јагленов прав. Може да се мие во машина за миење садови.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “ Променлив филтер Unimax AcquaMag Mg2+”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.