Бокал Atria со променлив филтер Classic AcquaMag Mg2+

Наједноставното решение за чиста и здрава вода збогатена со магнезиум!

Бокалoт за прочистување вода Dafi со променлив филтер Classic AcquaMag Mg2+ eфикасно ја филтрира водата, oслободува магнезиумови јони во водата и ја прочистува од:

- хлор и хлорни соединенија

- тешки и радиоактивни материјали

- нефтопродукти

- непријатен мирис

- пестициди и токсини

- бигор и висока тврдост на водата

- песок, рѓа, глина и механички нечистотии

Бокалот има уникатен филтрирачки елемент со сложен систем за филтрирање на вода кој се состои од неколку етапи:
• Претходна механичка филтрација;
• Полиамидна мрежа – за чистење од фини честици, бигор, масла;
• Регуларно чистење: специјално одбрани високоактивни компненти врз основа на јоноизменувачки смоли и активен јаглен, обработен со сребрени јони, ефикасно ги отстрануваат хемиските нечистотии. Активниот јаглен има природно потекло и се добива со контролирано
горење на специјално дрво. Благодарение на силно развиената внатрешна површина, активниот јаглен ефикасно задржува голема количина на
штетни материи и нечистотии од водата- хлор, тешки метали, органски соединенија, поливинилхлорид и многу други. Активниот јаглен е
обработен со бактерицидно сребро коешто не дозволува развивање на патогени микроорганизми во веќе обработената вода. Јоноизменувачката смола ја редуцира тврдоста на водата и јоните на тешките и радиоактивни метали (олово, кадмиум, никел, жива и др.). Го спречува создавањето на бигор, ја намалува нејзината тврдост и ја прави водата питка.
• Финална филтрација – повторно механичко прочистување коешто ги задржува фините честици од филтрирачките компонентии и гарантира чиста, свежа и вкусна вода.

Бокалот Dafi поседува низа меѓународни сертификати и награди кои се доказ за неговиот врвен квалитет.

Волумен на бокалот: 1,2 l

Капацитет на променливиот филтер: за филтрирање до 150 l вода.

Материјал:   Медицинска пластика.

Начин на употреба: Убаво измијте ги посебните елементи на бокалот. Ставете го променливиот филтер. Задолжително истурете ги првите две води прочистена вода. Во првите филтрирани литри вода можно е да се појави количество на јагленов прав. Може да се мие во машина за миење садови.

Бокалот е достапен во следните бои: бела, резеда, портокалова, сина и антрацит црна.

Дополнителни информации

Боја

антрацит црна, бела, портокалова, резеда, Сина

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “ Бокал Atria со променлив филтер Classic AcquaMag Mg2+”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.