_Element Anti-age крем за лице за околу очи и уста со змиски отров – 30 ml

Anti age крем за околу очи и усни кој совршено ја негува кожата и видно ги измазнува мимичките брчки и ја спречува појавата на нови.

Anti age кремот со пептиди од змиски отров наменет е за зрела кожа и го спречува создавањето на нови брчки и ги намалува постоечките мимички брчки во најсензитивните области на лицето околу очите и устата. Докажано е дека околу очите и устата се двете области најподложни на формирање на мимички брчки. Благодарение на лесната и моќна структура овој крем делува феноменално за нивно спречување и измазнување. За уште подобри резултати се препорачува кремот да се чува на ладно место, со што дополнително се зголемува неговото дејство против отоците кои се јавуваат во областа околу очите. Со редовна употреба мимичките брчки се измазнуваат, а отоците и темните кругови околу очите исчезнуваат и се враќа младешкиот изглед на Вашата кожа.

Anti age колекцијата за нега на лице со змиски отров содржи козметички препарати со аналог на отров од змија за нега на целото лице која ни овозможува да му помогнеме во борбата против првите знаците на стареење и да ја стопираме појавата на мимичките брчки кои низ годините можат да започнат да се појавуваат.

Основни активни компоненти: Главна состојка на овој крем за околу очи и уста е патентираниот аналог со слично дејство како пептидите од змиски отров од ендемскиот вид Tropidolaemus wagleri. Змискиот пептид е синтетичка супстанца која ја имитира функцијата на змиски отров, познат како неверојатен агенс против брчки. Патентираните змиски пептиди ги блокираат рецепторите на површинските мускулни клетки, го спречуваат нивното собирање и ги релаксираат мимичните мускули, што овозможува да се спречи појавата на брчки и кожата да се измазни и подмлади. Се смета за безбедна и природна замена за ботокс.

Начин на употреба: навечер нанесете на чиста и тонизирана кожа околу очите и устата со благи масажни движења.

Пакување: 30 ml

INCI: Aqua, Isostearyl Isostearate, Glycerin, Caprylic/ Capric Triglyceride, Betaine, Gossypium Herbaceum Seed Oil, Glyceryl Stearate, Butyrospermum Parkii Butter, Cetearyl Alcohol, Ceteareth-20, Dipeptide Diaminobutyroyl Benzylamide Diacetate, Algae Extract, Beta Glucan (Oat), Oat Maltodextrin, Dimethicone, Sodium Polyacrylate, Tocopheryl Acetate, Tocopherol, Ascorbyl Palmitate, Ascorbic Acid, Allantoin, Citric Acid, Parfum, PEG-8, Xantan Gum, Sodium Stearoyl Glutamate, Phenoxyethanol, Caprylyl Glycol, Hexylene Glycol, Disodium EDTA, Ethylhexylglycerin, Benzoic Acid, Dehydroacetic Acid *

* Составот на производот може да претрпи промени за да биде во согласност со најновите ЕУ регулативи за безбедност на козметичките производи. Целосниот и точен состав секогаш е транспаренто напишан на оригиналното пакување!

 

 

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “_Element Anti-age крем за лице за околу очи и уста со змиски отров – 30 ml”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.