Anti Hair Loss Hair Маска за коса – 300 ml

Маска за стимулирање на растот на косата и против косопад!

 

Маската е наменета за слаба коса која има проблем со опаѓање. Ефикасно се бори против опаѓањето на косата и го стимулира нејзиниот раст. Клучна компонента на спрејот е Trihogen complex-от кој изобилува со аминокиселини, витамини и минерали. Trichogen Complex-от претставува комбинација на природни екстракти и масла како што се екстракт од корен од мака, екстракт од семе од лупин и масло од Sacha Inchi. Екстрактот од корен од Мака помага во зајакнување на фоликулите на косата, го продолжува циклусот на раст на косата и го намалува нејзиното опаѓање. Екстрактот од семе од лупин ја заштитува косата од штетните надворешни фактори и прави вашата коса да биде поеластична и да изгледа посјајна. Маслото од Sacha Inchi изобилува со незаситени масни киселини, ги потхранува фоликулите, ја обновува и реконструира косата и ги заштитува врвовите од пукање. Со редовна употреба на производот се враќа и зајакнува оштетената структура на косата од коренот до врвовите и се стимулира растот на силна и здрава коса.

Начин на употреба: Маската се нанесува врз целата должина на косата по миењето со шампонот и балсамот од истата колекција. Се остава 5-10 минути да стои по што се измива обилно со вода. Маската може да се нанесува 1-2 пати неделно во зависност од потребите на Вашата коса.

Пакување: 300 ml

Маската не содржи парабени, SLS (Sodium lauryl sulfate) и SLES (Sodium laureаth sulfate).

 

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Anti Hair Loss Hair Маска за коса – 300 ml”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.