Bionur Еко прашок за алишта со индиско оревче – 1000 g

Природно еколошко средство за перење!

„Индиското“ оревче (Sapindus mukorossi) кое е богато со сапунини е најголем хит во современите еколошки производи за перење, миење и чистење.

Белите алишта стануваат уште побели, а шарените со посвежи бои. Се спречува посивување на алиштата, се отстрануваат дамките, со зголемена ефикасност благодарение на сапуненото оревче и кислородот. Не содржи хлор.

Состав: помалку од 5% кислородни површинско активни материи за избелување, анјонски површинско активни материи, оптички избелувачи, ензими и сапунено оревче. Производот е универзално средство за перење. Ги отстранува дамките при рачно или машинско перење - од овошје, трева, сенф, кечап, црвено вино и сл.

Упатство за употреба: за предперење 20 g. во 500 ml вода или директно во машината за перење алишта во соодветната преграда. За
основно перење 40 g. директно во машината за перење.

Внимание: по употреба кутијата се затвара и се чува на суво место. Да се чува на места недостапни за мали деца. За шарени алишта-
направете мал тест.

Знаете ли дека....
Оревчето (Sapindus mukorossi) е плод на дрво кое што расте во Индија и Непал. Обвивката на плодот содржи природна состојка наречена сапонин. Кога обвивката ќе дојде во контакт со вода таа ги ослободува сапонините кои што се распространуваат како површинско природно-активни материи во водата и на тој начин се отстрануваат мрснотијата, нечистотијата и дамките од ткаенините.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Bionur Еко прашок за алишта со индиско оревче – 1000 g”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.