Bionur Универзален еко препарат за чистење – 1000 ml
Мултифункционално решение за сите видови тврди површини!
Еко концентрат за чистење создаден по најсовремена технологија на база на природни, биоразградливи сапуни и активни материи за лесно чистење на сите нечистотии во домот и канцеларијата и за дезинфекција на исчистените површини.
Дејство: мултифункционален високо ефикасен еколошки концентрат за чистење создаден по најсовремени технологии. Произведен е на база на
природни, биоразградливи сапуни и активни материи. Лесно ги отстранува секојдневните нечистотии во домот и канцеларијата. Препаратот е многу ефикасен за чистење на бањи, тоалети, подни површини, кујнски прибор, туш кабини, плочки и теракота, стакла и прозори, огледала, пластични површини, маснотии и сл.
Производот поседува Ecolabel сертификат и е целосно биоразградлив, го заштитува здравјето на Вашето семејство и ја чува планетата земја!
Начин на употреба: за секојдневна употреба за чистење на подни површини и секакви други површини кои што немаат многу нечистотии – 1
капаче од препаратот (30 ml) се раствора во 5 литри вода. За понечисти површини се употребува нерастворен концентрат од препаратот, кој што се нанесува врз нечистотијата и се остава да отстои 5-10 минути по што се мие со чиста вода или се брише со мокра крпа. За полирани површини – по чистење се брише со сува и чиста крпа.
Внимание: да не се употребува врз мермерни или стари лакирани површини. При чистење на површини со осетлива боја, се прави тест врз мал дел од површината.
Критики
Нема критики сеуште.