Bionur Color trap 2 in 1 Крпички за перење – 20 парчиња

Магнет за ефикасно впивање на вишокот боја и нечистотија од алиштата!

Барем еднаш во животот на секого му се има случено да ги обои сите алишта во црвена или друга боја. Најдосадната работа е одделувањето
на алиштата на црни, шарени, бели..... да се соберат доволно алишта од одреден вид и да се има посебен детергент за секој одделен вид на
алишта...... покрај тоа многу од алиштата се перат и рачно, бидејќи пуштаат толку многу боја што е невозможно да ги исперете во машина заедно со останатите алишта. Навистина досадна и непријатна работа нели!?

Но, благодарение на Color Trap 2 in 1 овие проблеми остануваат засекогаш во минатото. Color Trap 2 in 1 е верен помошник во секој дом
и го спречува обојувањето на алиштата, а покрај тоа и ги отстранува флеките од алиштата.

Како функционира Color Trap 2 in 1?

За време на перењето од ткаенините се одделуваат бои и нечистотии. Color Trap 2 in 1 дејствува како ловец на бои и нечистотии, гарантирано ги
лови честичките од нечистотиите и боите, пред тие да се врзат за некоја друга ткаенина и да направат проблем. При редовна употреба алиштата стануваат заштитени, боите остануваат свежи, а белите алишта стануваат снежно бели.

Color Trap 2 in 1 се наменети за перење на бели и шарени алишта при секаква температура и за секаков вид на ткаенини. Може да се употребуваат и за рачно перење.

Начин на употреба: од една до три крпички (во зависност од интензитетот на пуштање на бои на ткаенините) се ставаат заедно со алиштата и се пере како вообичаено. Крпичките се за еднократна употреба!

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Bionur Color trap 2 in 1 Крпички за перење – 20 парчиња”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.