Coconut Hair Маска за коса – 300 ml

Хидратантна маска за коса со кокосово масло за здрава и негувана коса од коренот до врвовите!

Маската содржи кокосово масло кое има моќ да продре длабоко во структурата на влакното и да ги заджи влагата и кератинот во него, со што ја прави косата силна, здрава и свиленкаста на допир. Наменет е за нега на секаков тип на коса, а особено се препорачува за сува и кршлива коса. Кокосовото масло ја хидратира косата, ја подобрува нејзината структура, ја зголемува нејзината еластичност и со редовна употреба на маската во комбинација со останатите производи од колекцијата Coconut Hair се надминува проблемот со сува, кршлива и коса без сјај. Крајниот резултат е хидратирана, здрава и негувана коса со волумен.

Начин на употреба: Маската се нанесува врз целата должина на косата по миењето со шампонот од истата колекција. Се остава 5-10 минути да стои по што се измива обилно со вода. Маската може да се нанесува 1-2 пати неделно во зависност од потребите на Вашата коса.

Пакување: 300 ml

Маската не содржи парабени, SLS (Sodium lauryl sulfate) и SLES (Sodium laureаth sulfate).

 

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Coconut Hair Маска за коса – 300 ml”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *