Deep Ayurveda Ашваганда – 40 капсули

Додаток во исхраната

Состав на една капсула: екстракт од Ашваганда (Withania somnifera) – 500 mg.

Начин на употреба: 1-2 капсули двапати на ден, 30 минути по јадење со 200 ml вода.

Ашваганда (Withania somnifera L., fam. Solanaceae) е мала грмушка која потекнува од североисточниот дел на Индија и е една од најупотребуваните ајурведски билки која во ајурведата се употребува преку 2000 години. Претставува ајурведски адаптоген познат како индиски жен-шен или зимска цреша. Содржи многу активни состојки од кои главни се алкалоидите – меѓу нив најпознат е витанинот. Таа е прав рудник на минерали и на биолошки активни компоненти, како што се калциум, магнезиум, железо, цинк, кобалт, бакар, ванадиум, виталактони, фенолни компоненти и танини, а тука се и флавоноидите, протеините и слободните аминокиселини, сапонините, гликозидите и алкалоидите.

Квантитативни информации за производот:

Deep Ayurveda Ашваганда
За 1 капсула
За 4 капсули (дневна максимална доза)
% од препорачана дневна доза (RDA)
Екстракт од Ашваганда (Whitania somnifera) 500 mg 2000 mg **

**се уште нема дневна препорачана доза

✔Производот содржи чисти, високо концентрирани и стандардизирани биолошко активни екстракти.
✔Безбеден и природен производ кој не содржи вештачки бои, адитиви, хемикалии и тешки метали.
✔100% Погоден за вегетеријанци.

Предупредување: да не го земаат лица кои се чувствителни на некоја од состојките. При појава на несакани реакции да се прекине со употреба на производот. Да се чува на место недостапно за деца. Да не се надминува дневната препорачана доза. Производот не е лек и не се издава на рецепт. Производот не претставува замена за разновидна исхрана. Контраиндикации: не се забележани било какви несакани ефекти на производот при користење во препорачаните дози.

Чување: да се чува на темно и суво место до 25°C.

Пакување:  40 капсули = 40 g.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Deep Ayurveda Ашваганда – 40 капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *