Deep Ayurveda Гарсинија (Garcinia) 60%HCA – 40 капсули

Додаток во исхраната

Состав на една капсула: екстракт од Гарсинија Камбоџа (Garcinia Cambogia) – 500 mg.

Начин на употреба:  се препорачува по 1-2 капсули два пати на ден или според насоки на Вашиот лекар.

Гарсинијата е тропско растение кое примарно расте во Јужна Азија, а заради плодовите се култивира во југоисточна Азија и во источните делови од Африка, на брегот на Индиски Океан. Во Индија и во други региони од Азија се користи во исхраната, како зачин, или во подготовката на храната како адитив за конзервирање. Екстракт од плодот се користи локално како пургатив. Многу попознато е користењето на екстрактите за супресија на апетитот и во хербални формули за намалување на зголемена телесна тежина. Нејзиното дејство се должи на биолошко активната компонента -  хидроксилимонска киселина попозната како HCA. Капсулите на Deep Ayurveda содржат висока концентрација на безбедна, стабилизирана HCA од дури 60% што ги прави единствени и посебни на пазарот.  Квантитативни информации за производот:

Deep Ayurveda Гарсинија За 1 капсула За 4 капсули (дневна максимална доза) % од препорачана дневна доза (RDA)
екстракт од Гарсинија Камбоџа(Garcinia Cambogia) – 500 mg (60% HCA) 500 mg 2000 mg **

**се уште нема дневна препорачана доза ✔Производот содржи чисти, високо концентрирани и стандардизирани биолошко активни екстракти. ✔Безбеден и природен производ кој не содржи вештачки бои, адитиви, хемикалии и тешки метали. ✔100% Погоден за вегетеријанци. Предупредување: да не го земаат лица кои се чувствителни на некоја од состојките, деца, бремени жени и доилки. При појава на несакани реакции да се прекине со употреба на производот. Да се чува на место недостапно за деца. Да не се надминува дневната препорачана доза. Производот не е лек и не се издава на рецепт. Производот не претставува замена за разновидна исхрана. Контраиндикации: не се забележани било какви несакани ефекти на производот при користење во препорачаните дози. Чување: да се чува на темно и суво место до 25°C. Пакување:  40 капсули = 40 g.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Deep Ayurveda Гарсинија (Garcinia) 60%HCA – 40 капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.