Green Pharmacy Шампон со цинк и бреза -350 ml

Природно решение за да се ослободите од перутот!

Лековитите катрани од кората на врба кои ги има во овој шампон, се природна состојка против првут. Во комбинација со екстракт од плод на бреза се борат против микробите, гo смируваат непријатното чешање и го намалуваат лупењето на темето, ги регулираат масните жлезди од прекумерно лачење на себум. Активниот цинк кој е составен дел од шампонот ги заштитува протеините во косата.
Други активни состојки во овој шампон се : екстракт од еукалиптус, екстракт од розмарин, корен од каламус (Acorus calamus), хума, пантенол и салицилна киселина. Благодарение на нив фоликулите на влакното заздравуваат, косопадот се намалува, скалпот се потхранува и се чисти од мртвите клетки. Со редовна употреба косата станува здрава, добро хидратирана, лелеава и блескава.

Шампонот не содржи вештачки ароми и има специфичен мирис на лек (кој се јавува од високата концетрација на лековитите катрани од врба).

Начин на употреба: неколку капки шампон се нанесуваат на влажна коса, по што со лесни масажни движења во
времетраење од 2-3 минути се мие косата, по што се плакне. Постапката може да се повтори.

Пакување: 350 ml

Шампонот не содржи парабени, вештачки бои, SLS (Sodium lauryl sulfate) и SLES (Sodium laureth sulfate).

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Green Pharmacy Шампон со цинк и бреза -350 ml”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.