Jocca Фритеза со топол воздух

Подгответе ја омилената „брза“ храна на иновативен, здрав начин.

 

SKU: 20512 Categories: , Tag:

Со фритезата Jocca потребна Ви е само една супена лажица зејтин или друга маснотија за да ги испржите омилените компирчиња, пилешки прсти и др. „брза“ храна. Благодарение на кошницата за пржење, која што има специјални отвори, маснотијата истекува во сад. Потоа загреаниот воздух до 200 степени почнува да циркулира околу храната и на тој начин таа се пржи. Резултатот е превкусна здрава храна со примамливо златна боја, крцкава од надвор и сочна од внатре, без вишок маснотии, без дополнителни калории. Со фритезата можете да ги приготвувате скоро сите омилени јадења, кои што во принцип ги пржите или печете во тава. Нема потреба да се лишувате од омилената пржена храна, туку можете да научите да ги приготвувате на здрав начин. Кошницата за пржење има волумен од 2,5 л., и на тој начин на одеднаш можете да приготвите околу 700 грама компири или 500 грама месо. Со вградениот тајмер однапред го местите саканото време за готвење, за да спречите евентуално загорување, а нелепливата облога на кошницата за пржење гарантира лесно и брзо чистење.

За кого е наменета Фритезата Jocca

  • за секој што сака да се храни вкусно и има посебен афинитет кон прежена храна, но истовремено сака да се храни поздраво или да си ја регулира телесната тежина.
  • за секој што сака да ја приготвува храната брзо и лесно, без постојано да ја надгледува.
  • за секој што сака да пржи чисто – без прскање на маснотии и миење на засушени масни дамки во кујната.

Технички спецификации

  • 220-240V~50/60Hz 1400W
  • Капацитет на кошницата: 2.5 л
  • Прилагодување на времето: до 30 мин
  • Прилагодување на температурата: од 80 до 200 степени

Важно! Пред да го употребувате апаратот за прв пат, измијте го со мека крпа или сунѓер, малку вода и неабразивно средство. Исушете ја кошницата за готвење и потоа намачкајте и ја внатрешноста со хартиена или памучна крпичка  натопена во масло (на пр. зејтин).

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Jocca Фритеза со топол воздух”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *