Maxi Vita Herbal Ехинацеа и ацерола – 30 капсули

Природни екстракти од ехинацеа пурпуреа, ацерола и витамин С

Состав: L-аскорбинска киселина, екстракт од ехинацеа, агенс против стврднување – магнезиум стеарат, екстракт од плодови на ацерола. Состав на обвивка на капсулата: тврда желатинска капсула – говедски желатин.

Начин на употреба: се препорачува по 1 капсула на ден со доволно количество течност.

Со природни екстракти од ехинацеа и ацерола и витамин С. Витаминот С придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста, за нормална функција на имунолошкиот систем и за заштита на клетките од оксидативен стрес. 

Квантитативни информации за производот:

Maxi Vita Herbal Ехинацеа + Ацерола Состав на една капсула (max.дневна доза) % од дневен препорачан внес (RDA*)
Витамин С (L-аскорбинска киселина) 160 mg 200%
Ехинацеа (Echinacea purpurea) (екстракт 4:1-125 mg) 500 mg **
Екстракт од Ацерола (Malpighia glabra) (17% витамин С) 60 mg **

*дневен препорачан внес ** се уште нема дневна препорачана доза

Производот не е наменет за деца и можат да го употребуваат возрасни лица над 15 години.

Информации за дијабетичари: не содржи шеќер.

Контраиндикации: не се забележани било какви несакани ефекти на производот при користење во препорачаните дози. Предупредување: да не го земаат лица кои се чувствителни на некоја од состојките. При појава на несакани реакции да се прекине со употреба на производот. Да се чува на место недостапно за деца. Да не се надминува дневната препорачана доза. Производот не е лек и не се издава на рецепт. Производот не претставува замена за разновидна и балансирана исхрана.

Чување: да се чува на темно и суво место до 25°C во оригинално пакување. Да се употреби пред истекување на рокот за употреба.

Пакување: 30 капсули

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Maxi Vita Herbal Ехинацеа и ацерола – 30 капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.