Stoneline Грил тава со стаклен капак

Направете пикник во Вашиот дом и испечете ја најсочната и највкусната риба и скара!

Оваа овална тава е наменета за најголемите љубители на шницли и риба, кои со помош на оваа тава ќе бидат приготвени со неверојатна крцкава кора. Овалната форма на тавата и дава елегантност, ефикасност и долготрајност. Тавата ќе Ви овозможи брзо да подготвите храна за повеќе луѓе - гурмани и љубители на добрата храна.

Удобна и лесна употреба:

Неопходно е само да ја загреете тавата и да ја ставите храната врз загреаното дно, претходно зачинета по Ваш вкус. Нелепливото и незагорувачко дно ќе Ви овозможи да го подготвите сето тоа без притоа да употребите ниту еден грам масло. Месото и рибата самите ќе се печат во сопствените сокови и масти, а благодарение на ребрастото дно вишокот ќе истекува на дното на тавата.

Предност на ребрастото дно:

Ребрастото дно го спречува контактот на храната со вишокот маснотија и вода, кои што се оделуваат во процесот на приготвување на храна. Месото и рибата ја зачувуваат својот сок, кој што кај обичните тави истекува на дното и прегорува. Така се губи поголемиот дел од вредните
хранливи материи и вкус на храната. За да го отстраните вишокот на маснотии кои што се оделиле при процесот на готвење, за полесно одлевање тавата од двете страни има вдлабнатини. Доколку не сте љубител на храна со крцкава кора, Вие можете да ги готвите месо и риба во сопствениот сос, со помош на огноотпорниот капак со кој што можете да ги динстате.

Предност на огноотпорниот капак:

Тавата нема да дозволи месото или рибата да се разварат, а ќе се искористи природната маринада на производите. Храната може да се подготви и на пареа, бидејќи капакот дополнително е опремен со парен вентил. Можете да додавате вода или сосови, без притоа да го отворате капакот, преку страничните вдлабнатини. Тавата без проблем издржува на температури до 260° C. Специјалната рачка е огноотпорна, не се
лизга и може да издржи високи температури.

Предупредување:Тавата нема феромагнетна влошка и не може да се употребува на индукциони плотни.

Волумен на тавата: 2,8 l

Тежина: 2,7 kg

 

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Stoneline Грил тава со стаклен капак”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *