Stoneline Коцкаста тава со стаклен капак и дозер

Мултифункционална тава во која може да печете, пржите и динстате здраво и без маснотии!

Оваа тава е наменета за пржење и за динстање на храната. Во неа можете да динстате и пржите разни видови на зеленчук, месо и да подготвувате многу вкусни рецепти за целото Ваше семејство. Со појачано дно со дебелина од 5,4 мм  кое дозволува топлината да се распоредува рамномерно врз целата површина на садот, така што храната во него може да се приготвуваат рамномерно и во средината на садот и на краевите.

Специјално конструираниот внатрешен дизајн на тавата создава можност за 30% поголем волумен, којшто ја одржува топлината на храната подолго време.

Друга уникатна предност на оваа тава е дека во текот на готвењето можете да додавате дополнително сосови според храната којашто ја приготвувате, благодарение на вградениот отвор со дозер во самиот капак. На овој начин можете да го подготвите Вашето јадење уште повкусно. Од Вас единствено се бара да ставите во вдлабнатината на капакот лажичка рум, вино, пиво, сос, маслиново масло и благодарение на
специјалниот дозер тие капка по капка ќе се додаваат во готвењето и приготвената храна ќе биде уште повкусна.

Благодарение на нелепливото дно со камена облога, Вие со леснотија ќе можете по готвењето да ја измиете Вашата тава и таа да биде спремна за следниот кулинарски специјалитет.

Со секоја тава добивате и 2 ракавички за рачките.

Волумен на тавата: 4,2 l

Тежина: 3,9 kg

Димензии: 28*28 cm

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Stoneline Коцкаста тава со стаклен капак и дозер”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *