Volcano Магнетон Био

Апарат за нискофреквентна импулсна магнетна терапија

SKU: 20027 Категорија Ознака:

Магнетната терапија е современ третман кој со помош на магнетното поле помага за подобрување на нарушените функции на поедини органи (коски и мускули, дерматолошки проблеми, ја подобрува периферната циркулација, ги подобрува невролошките дисфункции и сл.) Магнетното поле има антивоспалително, седативно и аналгетско дејство, ги намалува отоците, ја подобрува микроциркулацијата на физиолошките течности и стимулира регенеративни и биостимулативни процеси во ткивата. Во науката и праксата оддамна е познато дека магнетното поле му помага на организмот на човекот при физички повреди, намалување на болките во коските и мускулите, подобрување на циркулацијата и сл.

Технички карактеристики:

  • Јачина на магнетно поле 2 Hz
  • Времетраење на магнетен импусл 0,1 s
  • Магнетна индукција - 40 Gs ± 10%;
  • Напојување – батерија 6F22 9V

Начин на употреба: Пред употреба потребно е да го распакувате апаратот. За да се заштити од оштетување или расипување потребно е апаратот пред да се вклучи да биде минимум 1 час на собна температура (околу 20 C). Пред првата употреба потребно е да се стави батеријата на означеното место. Индукторот се поставува на телото  и се прицврстува со помош на еластичната лента и копче. Еластичната лента има можност да се попушта и скратува со цел да се постигне потребната должина за индукторот да биде добро прицврстен за телото, без да го стега премногу. Откако ќе го прицврстите индукторот на болното место, вклучете го кабелот на индукторот во блокот за управување, заземете удобна позиција и притиснете го копчето за старт/исклучување. Кога ќе го вклучите апаратот започнуваат да трепкаат син индикатор на блокот за управување и црвен индикатор на индукторот. Болното место се третира 20 минути, по што апаратот се исклучува на копчето за старт/исклучување. Дневно може да се прават 2 третмани, со што треба да се внимава временскиот интервал помеѓу третманите да биде подолг од 3 часа. Третмани може да се прават во продолжение од 10 дена по што треба да се направи еднонеделна пауза, по што може да се повтори третманот.  Важно: да не се прави третман со апаратот за време на месечен циклус и да не го употребуваат бремени жени и луѓе со вградени стентови, бајпаси и др. импланти.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Volcano Магнетон Био”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.