Deep Ayurveda Ајурведски додатоци во исхрана

Неверојатната исцелувачка моќ на природата за твоја благосостојба и добро здравје!

Ајурведата е древна индиска наука за природна и холистичка медицина, која датира од пред 5000 години и која во буквален превод значи „учење за животот“.
Како и секоја друга древна наука, знаењето се пренесувало усно од колено на колено на Индиските мудреци, додека не почнале да го запишуваат. Најстарите познати Ајурведски текстови се Чарака Самхита, Сушрута Самхита и Аштанга Хрудаја. Во овие текстови детално е опишано делувањето на петте елементи кои го сочинуваат космосот – земјата, водата, воздухот, оганот и просторот врз нашата индивидуа и ја потенцираат важноста од одржување на балансот на овие елементи за здрав и среќен живот. Базирана врз примасата дека животот претставува интелегентна координација на Атма (душа), Мана (ум), Индрија (сетила) и Шарира(тело) кои се вртат околу петте елементи кои се движат кон создавање и формирање на секоја личност, т.н. Пракрити. И кое за возврат е детерминирано од виталниот баланс на трите физички енергии- Вата, Пита, Кафа и трите ментални енергии-Сатва, Рајас и Тамас. Дел од развитокот на оваа древна наука е поврзан со комбинирањето на лековитите растенија, благодарение на кои што се средуваат многу здравствени проблеми и се спречува развојот на други.
Компанијата Deep Ayurveda е водечка компанија во Индија и лидер во билната индустрија во превенција на здравјето, со седиште во Мохали, Пенџаб. Основана е во 2007 год., за денес да се развива во неколку насоки – Ајурведско лекување, Клинички испитувања и обуки и Производство на ајурведски производи. Deep Ayurveda е спој на традиционалните учења и модерната наука со што разработува свои автентични ајурведски билни препарати за спротиставување на предизвиците и последиците од современиот начин на живот. Компанијата ги исполнува сите меѓународни и национални стандарди, за што потврдуваат и сите сертификати и се гордее со високата технологија која што ја употребува во своето производство.

Се прикажуваат сите 6 резултати