Станете наш ЧЛЕН и добијте повластени цени и можност за заработка

The Doctor Крем за лице со хијалуронска киселина 3 во 1 – 40 ml

Хидратантен крем за нега на лице со 5 различни мултиактивни форми на хијалуронска киселина. 

Уникатна 3 во 1 формула – дневен, ноќен и крем за околу очи. 

Кремот особено се препорачува за дехидрирана и сува кожа кај која се појавуваат првите знаци на стареење. 

Ја спречува појавата на брчки и фини линии и ја навлажнува, регенерира и ја прави кожата поеластична. 

The Doctor Крем за лице со хијалуронска киселина со моќно хидратантно дејство која е наменета за нега на сите типови на кожа, а особено се препорачува за нега на дехидрирана и исклучително сува кожа. Уникатна 3 во 1 формула – дневен, ноќен и крем за околу очи. Кремот благодарение на моќното дејство на хијалуронската киселина помага во врзување на влагата во кожата, со што кожата на лицето е хидратирана, негувана и има здрав и сјаен изглед. Покрај тоа оваа крема ги успорува процесите на стареење на кожата и го спречува формирањето на фини линии и бори, ја подобрува еластичноста и структурата на кожата и има подмладувачки ефект.

Основни придобивки од The Doctor Кремот за лице со хијалуронска киселина се:

  • Длабинска хидратација на кожата и елиминирање на чувството на затегнатост и сувост
  • Успорување на процесот на стареење и измазнување на брчките
  • Подобрување на еластичноста на кожата
  • Затегнување на кожата

Хијалуронската киселина природно се наоѓа во нашето тело и во најголем процент ја има во нашата кожа. Сите ние сме родени со високо ниво на хијалуронска киселина, кое се намалува во текот на животот. Првите знаци на дехидратација и стареење на кожата започнуваат да се забележуваат околу 25 годишна возраст. Основната функција на хијалуронската киселина е да  обезбеди хидратација, цврстина и еластичност на кожата. Покрај тоа, хијалуронската киселина потпомага за побрзо заздравување и регенерација на кожата. Хијалуронската киселина има моќ да ја врзува водата сама по себе и со тоа да ја одржува кожата „затегната“, хидрирана и млада со природен сјај.  Главни придобивки од хијалуронската киселина се:

  • Ја задржува влагата во кожата, обезбедува хидратација и помага против сушење и лупење на кожата.
  • помага во борбата против брчките, правејќи ја кожата позатегната и поеластична.
  • Ја подобрува состојбата на кожата, правејќи ја нежна и мазна.
  • Го задржува колагенот во кожата

Начин на употреба: Мало количество од кремот се нанесува наутро и навечер на чиста кожа со нежни масажни движења на лицето и околу очите. За најдобри резултати Ви препорачуваме Кремот за лице да го употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со хијалуронска киселиниа.

Пакување: 40 ml

INCI: Aqua, Ethyl- hexyl Stearate, Dicaprylyl Carbonate, Polyglyceryl-3 Methylglucose Distearate, Glycerin, Glyceryl Stearate, Persea Gratissima Oil, Butyrospermum Parkii Butter, Squalane, Orbignya Oleifera Seed Oil, Cetearyl Alcohol, Hydrolyzed Jojoba Esters, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Propanediol, Hydrolyzed Glyco- saminoglycans, Sodium Hyaluronate, Hydrolyzed Hyaluronic Acid, Hyaluronic Acid, Undecane, Tridecane, Sodium Polyacrylate, Disodium EDTA, Lactic Acid, Piroctone Olamine, PEG-8, Ascorbyl Palmitate, Ascorbic Acid, Citric Acid, Tocopherol, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Benzyl Glycol, Raspberry Ketone, Parfum.

 

 

510 ден

Станете наш член

Пополнете ја формата подолу и ќе ве контактираме наскоро

Веќе сте наш соработник најавете се