Dr. Silver Дентален гел е создаден за целосна грижа за забите, непцата и усната шуплина. Неговата иновативна формула комбинира сребро со природни растителни екстракти, создавајќи нежна и ефикасна нега за секојдневна употреба.
Гелот е наменет за лица со чувствителни непца, склоност кон иритации, воспаленија, афти и непријатност во усната шуплина. Благодарение на својата нежна текстура, лесно се нанесува и овозможува насочена нега на проблематичните места.
Dr. Silver Денталниот гел е наменет за:
- Чувствителни непца
- Иритации во усната шуплина
- Склоност кон воспаленија
- Афти и мали оштетувања на слузницата
- Нега после стоматолошки интервенции
- Секојдневна орална хигиена
Се препорачува секојдневна употреба на Dr. Silver Денталниот гел за долготрајна зашита на здравјето на забите и непцата, свеж здив и здрава усна шуплина.
Придобивки од употреба на Dr. Silver Денталниот гел:
- Помага при чувствителност и иритација на непцата
- Придонесува за одржување на здрава усна шуплина
- Помага во смирување на непријатноста и црвенилото
- Создава заштитна бариера и придонесува за одржување на оралната хигиена
- Поддржува природна регенерација на ткивата
- Дава чувство на свежина и чистота
- Погоден за секојдневна нега на забите и непцата
- Корисен за нега на забите и усната шуплина по стоматолошки интервенции
УПОТРЕБА И ПРИМЕНА
ЗА ОПШТА УПОТРЕБА: Нанесете 2–3 пати дневно со помош на прецизниот апликатор директно на засегнатото место. Не е потребно плакнење. За најдобар ефект се препорачува да избегнувате јадење или пиење најмалку 30 минути по нанесувањето.
МОЖНИ НАЧИНИ НА УПОТРЕБА НА ДЕНТАЛНИОТ ГЕЛ СО ПРЕПОРАЧАНО ВРЕМЕТРАЊЕ НА ПРИМЕНАТА:
- ГИНГИВИТ И ВОСПАЛЕНИ НЕПЦА – Нанесувајте го гелот двапати дневно во период од една недела. Кај хронични состојби, користете го редовно до подобрување на симптомите.
- ПОСЛЕ ВАДЕЊЕ НА МЛЕЧЕН ЗАБ – Нанесете веднаш по вадењето на забот и продолжете со употреба три пати дневно најмалку 3–5 дена за побрзо зараснување на непцето.
- ПОСЛЕ ВАДЕЊЕ УМНИК ИЛИ ДРУГ ЗАБ – Нанесувајте три пати дневно најмалку 7–10 дена за смирување и побрзо зараснување на непцето.
- АФТИ И РАНИЧКИ ВО УСНАТА ШУПЛИНА – При првите знаци на афта нанесете го гелот на местото три пати дневно. Продолжете со нанесување до целосно зараснување, обично околу 5–7 дена.
- ИРИТАЦИЈА ПО ЈАДЕЊЕ ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ ИЛИ ТВРДА ХРАНА – При појава на болка или непријатност поради остатоци од храна, нанесете го гелот двапати дневно во период од 2–3 дена, до олеснување на симптомите.
- КРВАВЕЊЕ НА НЕПЦАТА – При редовно крвавење, нанесувајте го гелот два пати дневно после миење на забите во период од најмалку две недели.
- ПОСЛЕ ЧИСТЕЊЕ НА ЗАБЕН КАМЕН – Нанесете веднаш по процедурата и продолжете два пати дневно најмалку 3–5 дена за смирување на непцата. За дополнителна нега, користете го гелот редовно трипати дневно како додаток на основната дентална хигиена. Се препорачува долготрајна употреба за одржување на здравјето на пародонтот.
- ЧУВСТВИТЕЛНИ НЕПЦА – За превенција и подобрување на состојбата, нанесувајте го гелот еднаш дневно навечер после миење на забите.
Сребро, лиофилизиран кавијар од градинарски полжав (Helix Aspersa Maxima Caviar), лиофилизиран хидролизат од корупка на градинарски полжав (Helix Aspersa Maxima Shell), лиофилизиран слуз од градинарски полжав (Helix Aspersa Maxima Slime), екстракт од Готу Кола (Centella Asiatica Extract), екстракт од Сладник (Glycyrrhiza Glabra Root Extract), екстракт од јапонска фалопија (Polygonum Cuspidatum Root Extract), екстракт од бајкалски шлемник (Scutellaria Baicalensis Root Extract), екстракт од рузмарин (Rosmarinus Officinalis Leaf Extract), екстракт од жалфија (Salvia Officinalis Extract), екстракт од зелен чај (Camellia Sinensis Leaf Extract), екстракт од камилица (Chamomilla Recutita Flower Extract), масло од мента (Mentha Piperita Oil), ментол (Menthol), Pentylene Glycol, Sodium Polyacryloyldimethyl Taurate, 1,2-Hexanediol, Caprylyl Glycol, Tropolone.
Како делуваат активните состојки на Dr. Silver Денталниот гел :
- Сребро – Главната активна состојка на Dr. Silver Денталниот гел е среброто – кое со векови е познато по своите природни антибактериски, антигабични и антивирусни својства. Тоа помага во одржување на здрава усна шуплина, го спречува развојот на несакани микроорганизми во усната шуплина, ги смирува воспаленијата и го подржува природното обновување на ткивата.
- Лиофилизиран кавијар од градинарски полжав – помага во реминерализација на забниот емајл и ги храните ткивата благодарение на изобилството од есенцијални масни киселини, витамини, минерали и биоактивни супстанции кои ја стимулираат регенерацијата на клетките. Истовремено, овој кавијар обезбедува моќен противвоспалителен ефект кој го намалува отокот на непцата и содржи антиоксиданси кои ги штитат ткивата од оксидативен стрес.
- Лиофилизиран хидролизат од корупка на градинарски полжав – е одличен природен извор на калциум, фосфор и други минерали кои ја обновуваат структурата на забниот емајл, го прават поотпорен на киселини и спречуваат појава на кариес. Дополнително, овие минерали помагаат во процесот на реминерализација и го одржуваат pH-балансот во усната шуплина, неутрализирајќи ги киселините кои предизвикуваат ерозија на емајлот.
- Лиофилизиран слуз од градинарски полжав – има силно регенеративно дејство кое помага при зараснување на рани и иритации, истовремено обезбедувајќи длабока хидратација на слузокожата и заштита од сувост во устата. Оваа слуз создава биоадхезивен заштитен слој кој ја штити усната шуплина од механички и хемиски иританти, ефикасно ублажувајќи ја болката и дискомфортот кај воспалените непца.
- Gotu Kola (Centella Asiatica) – ја стимулира синтезата на колаген за поголема цврстина и еластичност на непцата, додека ја подобрува микроциркулацијата и крвотокот за побрза достава на хранливи материи. Исто така, таа има моќно противвоспалително дејство кое го намалува отокот при гингивитис и значително ја забрзува регенерацијата на ткивата по повреди или хируршки интервенции.
- Сладок корен (Glycyrrhiza glabra) – содржи глициризин, кој има моќни антимикробни и антивирусни својства и ефикасно се бори против широк спектар на бактерии и вируси во усната шуплина, вклучувајќи ги и оние што предизвикуваат херпес и афти. Дополнително, ова растение има силно противвоспалително и смирувачко дејство кое го намалува отокот при гингивитис и пародонтит, ефикасно ублажувајќи ги болката и дискомфортот во непцата и слузокожата во усната шуплина.
- Јапонска фалопија (Polygonum cuspidatum) – е моќен антиоксиданс благодарение на високата концентрација на ресвератрол кој ги штити клетките од оксидативен стрес, а истовремено има и ефикасно антибактериско дејство и делува против патогените бактерии кои предизвикуваат забен камен и воспаленија. Дополнително, ова растение ги намалува воспалителните процеси, го поддржува заздравувањето на ткивата и ја подобрува микроциркулацијата во непцата.
- Бајкалски шлемник (Scutellaria baicalensis) – го поддржува здравјето на непцата и штити од пародонтални заболувања, инхибирајќи го растот на патогените бактерии во усната шуплина. Тој ефикасно го намалува отокот, го ублажува црвенилото и го отстранува дискомфортот кај воспалените непца.
- Рузмарин (Rosmarinus officinalis) – е моќен природен антисептик кој помага во контролата на бактериската флора во устата и ја подобрува циркулацијата на крвта во непцата. Ова растение има одличен тонизирачки ефект кој ги зајакнува непцата и ја зголемува нивната отпорност на воспаленија, истовремено природно освежувајќи го здивот.
- Жалфија (Salvia officinalis) – традиционално се користи за третман на воспалени непца поради својот силен противвоспалителен ефект, а воедно ги зајакнува непцата и го намалува крвавењето. Таа покажува одлични антимикробни својства против бактерии и габички во усната шуплина и го забрзува зараснувањето на рани и афти.
- Зелен чај (Camellia sinensis) – е богат извор на катехини – моќни антиоксиданси кои ги штитат клетките од оштетување, додека воедно го инхибира формирањето на забен камен и забни наслаги. Тој ја спречува појавата и размножувањето на бактерии во усната шуплина, го намалува воспалението на непцата заштитувајќи ги од гингивитис и природно го освежува здивот.
- Камилица (Chamomilla recutita) – нежно ја смирува иритираната слузокожа и непцата, ја ублажува чувствителноста и болката, и ефикасно го намалува црвенилото и воспалението во усната шуплина. Ова растение има моќно противвоспалително дејство кое го поддржува и забрзува природното заздравување на ткивата.
- Масло од нане (Mentha piperita oil) – дава природно чувство на свежина и пријатен мирис. Дополнително дава пријатен ефект на ладење кој го ублажува дискомфортот во усната шуплина. Покрај тоа, неговиот благ аналгетски ефект помага во намалување на болката, додека истовремено обезбедува дополнителна антисептичка заштита.
Начин на употреба: Нанесете мала количина од гелот директно на непцата или на чувствителното место 2–3 пати дневно. Не е потребно плакнење. За најдобар ефект, избегнувајте јадење и пиење околу 30 минути по нанесувањето.
Состав (INCI): Aqua, Silver,Pentylene Glycol, Sodium Polyacryloyldimethyl Taurate, Propanediol, 1,2-Hexanediol, Helix Aspersa Maxima Caviar, Helix Aspersa Maxima Shell, Helix Aspersa Maxima Slime, Centella Asiatica Extract, Polygonum Cuspidatum Root Extract, Scutellaria Baicalensis Root Extract, Camellia Sinensis Leaf Extract, Glycyrrhiza Glabra Root Extract, Chamomilla Recutita Flower Extract, Rosmarinus Officinalis Leaf Extract, Salvia Officinalis Extract, Caprylyl Glycol, Tropolone, Citric Acid, Sodium Benzoate, Mentha Piperita Oil, Menthol, Limonene, Beta-Caryophyllene, Linalool, Terpineol, Alpha-Terpinene, Pinene, CI 14720.
Пакување: 4,15 ml