Станете наш ЧЛЕН и добијте повластени цени и можност за заработка

Нофатин® Балансиран шејк со вкус на ванила-1000 g

Високопротеински пробиотски оброк за здраво слабеење и балансирана исхрана со вкус на ванила.

Првиот целосно балансиран шејк кој обезбедува комплетен оброк за поддршка на здравата телесна тежина и обликување на фигурата.

Со одличен вкус на јагода и клинички испитана, патентирана состојка CSAT+®, добитник на престижни меѓународни признанија во областа на контрола на телесната тежина.

Нофатин Балансираниот шејк е високопротеинска пробиотска храна и претставува дел од комплетната програма Нофатин за здраво и трајно намалување на телесната тежина.

Што претставува Нофатин Балансиран шејк?

Нофатин Балансираниот шејк е формула со оптимален однос на макронутриенти 40% јаглехидрати, 30% протеини и 30% масти (40-30-30). Овој внимателно избалансиран состав му обезбедува на организмот стабилна енергија, чувство на ситост и поддршка на метаболизмот, без гладување и строги рестрикции.

Покрај висококвалитетни протеини, шејкот содржи витамини, минерали, пробиотски и пребиотски состојки, растителни влакна и природни екстракти кои работат синергиски за одржување на оптималното здравје.

Придобивки од Нофатин Балансираниот шејк:

  • Поддржува одржување на нормална телесна тежина.
  • Помага во намалување на масните наслаги.
  • Обезбедува долго чувство на ситост.
  • Дава енергија и виталност.
  • Го поддржува нормалното варење.
  • Ја одржува рамнотежата на цревната микрофлора.
  • Обезбедува важни витамини и минерали.
  • Поседува антиоксидативно дејство.
  • Помага во елиминација на токсините.
  • Придонесува за подобар метаболизам и хормонална рамнотежа.

Активни состојки на Нофатин Балансираниот шејк:

– CSAT+® – патентирана состојка за контрола на телесната тежина

CSAT+® е патентиран екстракт од семки од рогач, стандардизиран на галактоманани, олигофруктоза и полифеноли.

Клиничките истражувања покажуваат дека CSAT+® патентираниот екстракт од семки од рогач:

  • обезбедува подолго чувство на ситост;
  • помага во контрола на апетитот;
  • придонесува за одржување на нормално ниво на шеќер во крвта;
  • го поддржува здравјето на цревната микрофлора;
  • помага во намалување на воспалителните процеси и во топење на масното ткиво;
  • придонесува за подобар метаболизам на мастите и холестеролот.

– Екстракт од златен корен (Rhodiola rosea)

Екстрактот од златен корен е стандардиран на 3% розавини и 1% салидрозиди. Златниот корен е познат адаптоген кој:

  • ја подобрува отпорноста на организмот кон стрес;
  • ја зголемува енергијата;
  • придонесува за подобра физичка и ментална издржливост.

– Псилиум хуск

Псилиум хуск претставува природен извор на растителни влакна кој:

  • го подобрува варењето;
  • ја стимулира нормалната перисталтика на цревата;
  • создава чувство на ситост;
  • помага при детоксикација на организмот.

– Whey протеин

Нофатин Балансираниот шејк е збогатен и со висококвалитетен концентрат од сурутка кој:

  • придонесува за одржување на мускулната маса;
  • обезбедува есенцијални аминокиселини;
  • поддржува побрзо закрепнување по физичка активност.

– Oxxynea® FP

Oxxynea® FP претставува комплекс од природни растителни екстракти богат со антиоксиданти кој помага во заштита на клетките од оксидативен стрес.

Начин на употреба:

Со вода

Растворете 50 g (1 мерна лажица) во 200–300 ml вода и испијте веднаш.

Со млеко

Растворете 25 g (½ мерна лажица) во 200 ml млеко со 1,5% масленост.

Со јогурт

Растворете 25 g (½ мерна лажица) во 200 ml јогурт со 2% масленост.

За подобра текстура се препорачува користење шејкер. Температурата на течноста не треба да надминува 30°C.

Зошто да го изберете Нофатин Балансираниот шејк?

✔ Комплетен и избалансиран оброк
✔ Високопротеинска пробиотска формула
✔ Со патентирана состојка CSAT+®
✔ Поддршка за здраво слабеење без гладување
✔ Богат со витамини, минерали и растителни влакна
✔ Одличен вкус на јагода
✔ Идеален за луѓе со многу професионални ангажмани, кои сакаат да водат активен и здрав начин на живот

Напомена: Нофатин Балансираниот шејк дава најдобри резултати кога се користи како дел од комплетната програма Нофатин, во комбинација со балансирана исхрана и здрав начин на живот.

Целосен состав на Нофатин Балансираниот шејк:

Концентриран сурутка протеин, малтодекстрин, сув млечен крем, псилиум хуск (прав од лушпи од семе на Индиски тегавец (Plantago ovate)), Полномасно млеко во прав, обезмастено млеко во прав, декстроза, фруктоза, Фибри (Инулин), CSAT® (брашно од семиња на рогач – Ceratonia siliqua L.), Екстракт Oxxynea® FP содржи екстракт од семки од грозје (grape seed extract– 30%, екстракт од зелен чај (green tea extract)– 20%, екстракт од плод на грозје( grape pomace extract) 10%, овошен микс – 10% (боровинки (Vaccinium) – 25%,  грејпфрут (Citrus paradisi)- 13%, Папаја (Carica papaya) – 8%, Ананас (Ananas comosus)-8%, Јагоди (Fragaria) – 8%, Јаболка (Malus domestica) – 8%, Кајсија (Prunus armeniaca) – 8%, Цреши (Prunus avium) – 8%, портокал (Citrus X sinensis) – 8%, Рибизла (Ribes nigrum) – 6%, микс од зеленчуци- 10% (брокули (brassica oleracea var.italica)– 22%, зелка (Brassica oleracea var.capitata) – 22%, кромид (Allium cepa) – 17%, лук (Allium sativum) -17%, аспарагус (Asparagus officinalis) – 12%, маслинки (Olea europaea) – 5%, краставица (Cucumis sativus) – 5%),  исушен домат во прав-  5%, сок од морков – 5%), малтодекстрин, арома – чоколадо, Калциум (калциум лактат), витамин C (L-аскорбинска киселина), стандардизиран екстракт од корен на родиола розеа (Rhodiola rosea L) (3% розавини, 1% салидрозиди), магнезиум (магнезиум карбонат), бромелаин (1200 GDU од Ananas comosus), стабилизатор гума – ксантан, засладувач – сукралоза, пробиотски бленд (Lactobacillus reuteri, Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus, Lactobacillus plantarum, Lactobacillus casei, Lactobacillus bulgaricus, Streptococcus thermophilus), железо (железо глуконат), витамин Е (DL-алфа токоферил ацетат), витамин В6 (пиридоксин хидрохлорид), цинк (цинк цитрат трихидрат), витамин В1 ( тиамин хидрохлорид).

Пакување: 1000 g.

Важни предупредувања за користење на Нофатин Балансираниот шејк: Не се препорачува да го употребуваат деца, бремени жени и доилки. Предупредувања за алергени: производот содржи суровини од млеко. Контраиндикации: при чувствителност на некоја од состојките. При појава на несакани реакции да се прекине со употреба на производот. Не се забележани несакани ефекти при употреба на производот во препорачаните дневни дози. Предупредување: Да се чува на место недостапно за деца. Да не се надминува дневната препорачана доза. Производот не е лек и не се издава на рецепт. Производот не претставува замена за разновидна и балансирана исхрана.

Original price was: 3,660 ден.Current price is: 2,196 ден.

Слични производи

Станете наш член

Пополнете ја формата подолу и ќе ве контактираме наскоро

Веќе сте наш соработник најавете се