Станете наш ЧЛЕН и добијте повластени цени и можност за заработка

dnevna rutina so geske

Со Geske дневната рутина никогаш не била полесна!

Негуваната кожа на лицето отсекогаш претставувала симбол не само на убавина, туку и на здравје, социјален статус и ја дефинира нашата личност. Ја поттикнува и самодовербата, но и го успорува процесот на стареење. Спротивно на тоа, занемарената кожа на лицето многу често влијае врз нашето расположение и ја намалува нашата самодоверба. 

Првиот чекор кон негувана кожа секогаш е нејзиното чистење. Чистењето на кожата не подразбира само отстранување на шминката. Доколку сакаме здрава кожа, мора да и дозволиме да дише и да се регенерира, па затоа чистењето на кожата на лицето мора да стане секојдневна рутина која треба да се изведува правилно. Дури и во најидеалните услови, нашата кожа е изложена на нечистотија, пот, шминка и разни надворешни фактори. Доколку  правилно не го исчистиме лицето, ризикуваме на кожата на лицето да се појават различни кожни иритации, запушување на порите, појава на акни, флеки  уморен и безживотен изглед на кожата и секако со тоа го забрзуваме процесот на стареење на кожата. Но често пати или забораваме колку е важно сето ова или немаме време да се посветиме на длабинско чистење на лицето.

Претстојните есенски денови се вистинскиот период да се разгалиме, да најдеме малку повеќе време за себе и да ја подготвиме и да и помогнеме на кожата на лицето полесно да се адаптира на промената на временските услови од потопла на постудена клима. Сето тоа можеме да го направиме многу лесно со одбирање на една од многуте дневни рутини кои за Вас ќе ги искреира Вештачката интелегенција која ја користи германската компанија Geske преку нивната паметна апликација. Доколку за прв пат слушате за овој бренд, станува збор за компанија која предизвика огромен бум во областа на козметологијата освојуваќи безброј светски престижни награди на светските саеми за убавина и освојуваќи ги срцата на илјадници инфлуенсерки и светски познати личности како Парис Хилтон, Нина Добрев, Кортни Кокс и многу др.

Еден од задолжителните апарати на Geske се неговите ултрамодерни суперсонични четки за чистење на лицето.  Една од нив е:

Geske Четка за нега на лице со сонична технологија 5 во 1 

Компактна и моќна овозможува ефикасно и нежно чистење со 7500 пулсации во минута, идеално за Вашата секојдневна нега на кожата! GESKE Четката за лице со сонична технологија 5 во 1 доаѓа во ултра луксузно и модерно пакување. Со производот добивате и магнетен полнач за апаратот, торбичка за чување и лесен транспорт и бесплатна паметна апликација на 36 јазици со многубројни видеа и упатства за најдобра употреба на производот создадени од врвни светски експерти. 

Geske Четката за нега на лице со сонична технологија 5 во 1 е наменета за:

• Професионална нега на кожата, чистење и затегнување на лицето

• Секојдневно длабинско чистење

• За сјајна и здрава кожа

• Anti age масажа

• Одговара на сите типови кожа

Компактен и моќен апарат за нега, чистење и масажа на лице, кој што е дизајниран за беспрекорна длабинска нега на Вашата кожа. За само 60 секунди збогувајте се со нечистотијата, маснотиите и остатоците од шминка, кои што ги запушуваат Вашите пори.

Благодарение на совршената синергија помеѓу патентираната Smart Sonic Pulsation Technology со над 7500 пулсирања во минута и супермеките, ултра хигиенски силиконски сензорни влакна се издигнуваат основната хигиена и нега на лицето на повисоко ниво. Ултра модерниот Flexible Eye-Nose Area Targeted дизајн гарантира дека нема да пропуштите ниту едно место и дека секој дел од Вашето лице ќе биде темелно и длабински исчистен и тонизиран.

Дополнително со Geske Четката за нега на лице со сонична технологија 5 во 1 можете да уживате во подмладувачка масажа и регенерирање на лицето. Со другата страна од четката за само неколку минути можете да се опуштите со една релаксирачка масажа која ја користи патентираната Youthful Glow Massage технологија, преку која се подигнува, затегнува и тонизира Вашата кожа.

Со Geske Четката за нега на лице со сонична технологија 5 во 1 повеќе немате изговор да бидете негувани и да уживате во чиста, здрава и негувана кожа!

Сподели:

Станете наш член

Пополнете ја формата подолу и ќе ве контактираме наскоро

Веќе сте наш соработник најавете се