Справувањето со стресот, нервната напнатост и анксиозноста е сериозен предизвик – овие состојби често се интензивни и го нарушуваат квалитетот на животот до таа мера што влијаат на сите аспекти од секојдневниот живот. Тука се поставува прашањето – дали природните антидепресивни производи или лековите се посоодветни за надминување на проблемот? Во секој случај, најдобро е одговорот да го добиете од квалификуван професионалец наместо самите да се лекувате.
И лековите и природните седативи имаат свои предности и недостатоци. Во првиот случај, треба да се пристапи исклучително внимателно – во зависност од нивните активни состојки, лековите за стабилизирање на психата спаѓаат во различни класи, а погрешниот избор може да има несакани последици. Што се однесува до билните „апчиња за смирување“, нема опасност од сериозни несакани ефекти, но нивниот ефект често е побавен и не е секогаш доволно силен.
Пред да одберете некоја од природните алтернативи, добро е да се запознаете како делуваат за да постигнете максимални ефекти и да немате ризик по здравјето! Ние накратко за Вас издвојуваме неколку од најдобрите природни антидепресиви наменети за различни психички состојби кои можат да Ви помогнат да го вратите доброто расположение и повторно да се почувствувате смирени и среќни!
Од досегашното истражување на природните алтернативи против депресија ги издвојуваме следните билки:
Зелен чај – Аминокиселината L –теанин која се наоѓа во зелениот чај има смирувачко дејство и се бори против стресот и уморот. Го ублажува чувството на анксиозност, несоница, депресивните состојби, синдром на хроничен замор и нестабилноста на крвниот притисок. Постојат низа студии кои го докажуваат неговото дејство. Според едно истражување во Јапонија во кое учествувала повозрасна група волонтери, откриено е дека ризикот од депресија може да се намали до 44%о со конзумирање на 4 чаши зелен чај дневно.
Кантарион – Традиционално лековито растение со смирувачки, тонизирачки и стабилизирачки ефект. Во последната деценија благодарение на две активни компоненти – хиперицин и хиперфорин кои ги содржи, кантарионот станува се повеќе популарен како средство за третман на депресија и анксиозност, а постојат и многубројни научни истражувања кои ја потврдуваат оваа употреба. Оваа билка успешно се користи за третман на благи и умерени депресии и е подеднакво ефикасна при промени во расположението.
При нервоза, тахикардија и несоница како најдобри алтернативи се препорачуваат:
Глог– Билка број 1 за здравјето на срцето – допринесува за нормализирање на срцевиот ритам, го подобрува снабдувањето со крв и го намалува крвниот притисок. Допринесува за смирување на нервен систем и вознемиреноста и ја намалува анксиозноста. За посилно седативно дејство, се препорачува да се употребува во комбинација со екстракт од валеријана.
Валеријана – Една од најпопуларните и најефикасни билки во составот на природните антидепресиви секако е валеријаната која се користи при состојби на стрес и вознемиреност, несоници, емоционална лабилност и нервна напнатост. Валеријаната го смирува и интензивираното чукање на срцето поврзано со чувство на тешкотии во градите и страв. Една од главните предности на валеријаната, за разлика од повеќето останати сретства за смирување, е тоа што не предизвикува зависност.
При проблеми со концентрацијата, фокусот и менталниот замор се препорачуваат следните алтернативни билки:
Златен корен (Родиола) – содржи активни растителни соединенија – розавини и салидрозиди, кои го неутрализираат менталниот замор и го подобруваат фокусот и расположението. Поседува моќно невропротективно дејство, ја подобрува способноста за меморирање и учење на нови информации. Покрај тоа ја зголемува физичката енергија и издржливоста на организмот.
Доколку сте под силен стрес и истоштеност од досегашните сознанија и искуства се препорачува:
Ашваганда – една од најефикасните адаптогени билки за намалување на емоционалниот и физичкиот стрес. Таа има антистресогено и адаптогено дејство – го подмладува и освежува организмот, делува како невротрансмитер кој ги подобрува конгитивните способности, како и функцијата на имунолошкиот, кадиоваскуларниот, нервниот, репродуктивниот и ендокриниот систем. Ги елиминара последиците од напорните денови, и му помага на организмот лесно да се избори со стресните ситуации, па со тоа го прилагодува на разни неповолни околности – променливи временски услови, тешки физички и психички оптоварувања и сл.
За крај можеме да заклучиме дека природата ни нуди неограничени можности, но сепак треба добро да се запознаеме со природните алтернативи и да не заборавиме дека секој од нас е различен и има различни потреби. Затоа е важно добро да се запознаете како делуваат природните алтернативи за да постигнете максимални ефекти и да немате ризик по Вашето здравје.