Smart Microfiber Mикрофиберна крпа за под XL

Шведски производ изработен со уникатни патентирани ултра микрофиберни влакна!

За блескаво чисти и сјајни подови – брзо, лесно и еколошко само со вода!

 

 

Микрофиберната крпа за под има висока апсорбциска моќ и максимално ефикасно ги чисти сите површини, брише, собира прашина и полира. Лесно се исцедува вишокот вода од крпата. Наменета е за чистење на сите видови површини: паркет, ламинат, керамички плочки, гранит, мермер, линолеум и др. Чисти само со вода, без дополнителни средства за чистење. Исчистените површини се влажни и идеално чисти, без траги и дамки.

Начин на употреба: намокрете ја и добро исцедете ја микрофиберната крпа и употребувајте ја влажна со или без други средства за чистење. Крпата може да ја прикачите на главата од четката или мопот и така полесно да ги исчистите подовите. Микрофиберната крпа чисти и полира истовремено и ги собира сите нечистотии, прашина, течности, дамки и др. без да остава дамки и флеки од вода.

Површините исчистени со оваа крпа се валкаат помалку и побавно, бидејќи бактериите и другите микрооганизми се отстранети над 99,2% со секое чистење!

Боја: сива

Начин на одржување: Се пере со обичен сапун и топла вода. Доколку е многу валкана може да се потопи во топла вода или да се испере во машина за перење на температура не повисока од 60 С. Предупредување: да не се пегла и да не се суши врз извори на топлина (радијатори) и да не се пере со агресивни детергенти кои што содржат избелувачи.

Димензии: 60*50 cm

Состав: 88 % полиестер, 12 % полиамид.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Smart Microfiber Mикрофиберна крпа за под XL”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.